Библиотека со состојки
Почетна
Лимета

Лимета

Citrus aurantifolia

Лиметата има прекрасна свежа и овошна арома, која ги освежува сетилата. Како една од главните состојки во мексиканската кујна и неопходна состојка во „поук-јадењата“ (анг: poke bowls), лиметата изобилува со вкус и со витамин Ц. Сјајното зелено овошје, исто така, се цени поради својата убавина, а екстрактот од лимета често се користи во парфимерството и во ароматерапијата. Богата со овошни киселини, лиметата, исто така, има својства за намалување на порите, што е совршено за нега на кожата, особено за мрсната кожа, бидејќи помага за намалување на видливоста на порите.

Клучни предности

  • Енергична, весела и свежа арома.

  • Својствата за намалување на порите на лиметата може да помогнат за намалување на сјајот и на видливоста на порите.

  • Лиметата има прочистувачки и ароматични својства.

Лиметата може да ѝ додаде екстра-сјај на косата, бидејќи овошните киселини ги сплескуваат кутикулите на косата и им овозможуваат да рефлектираат повеќе светлина.

Пронајден во