Библиотека со состојки
Почетна
Брусница

Брусница

Vaccinum macropon

Брусницата е позната по тоа што има една од највисоките концентрации на антиоксиданти од сите овошја и зеленчуци. Таа изобилува со витамини што ја потхрануваат кожата, како витамините Ц, Е и К. Мултифункционалната бобинка е богата со различни позитивни својства за кожата и нејзиното масло е посебно хранливо, благодарение на високото количество масни киселини. Малите црвени бобинки се ценети поради нивните хранливи и медицински својства, веќе стотици години, а американските староседелци биле меѓу првите што ги користеле за лекување секојдневни заболувања.

Клучни предности

  • Маслото од семки од брусница е хидратантно и хранливо.

  • Основните масни киселини на брусницата може да помогнат за хидрирање на кожата и за зголемување на сјајот.

  • Антиоксидантите во брусницата овозможуваат заштитни својства за кожата.

Маслото од брусница е познато по својата висока концентрација токотриеноли, група од антиоксидантни молекули што помагаат за заштита на кожата од слободните радикали и придонесуваат за кожа со здрав и младешки изглед.

Пронајден во