Здрави празнични протеински колачиња

Сакаш да одржуваш урамнотежена исхрана без да се откажеш од сите слатки работи? Овие здрави празнични протеински колачиња се се токму она што ти треба: едноставен и лесен рецепт со цимет, ванила, без додаден шеќер – и секако, додаден протеин!

Состојки

6г овес
½ лажичка прашок за пециво
40г Wellness by Oriflame Протеинска мешавина
½ лажичка во ванила
1 лажичка сируп од агава
1 јајце
2 лажички мелен цимет
2 лажички пире од јаболка
2 лажички кокосово масло

 

Начин на подготовка

1. Во блендер, измешај го овесот за да добиеш брашно.

2. Сите суви состојки се истураат во сад и се мешаат.

3. Земи нов сад и посебно измештај ги сите течни состојки.

4. Се мешаат сувите и течните состојки додека не се формира тестото.

5. Тестото се става во фрижидер 30 минути.

6. Извади го тестото и со раце расукај го тестото во рамномерно обликувани топчиња, израмни ги и стави ги во плех за печење.

7. Колачињата се печат во рерна 8 – 10 минути на 180 ° C.

8. Извади ги колачињата, остави ги да се изладат, а потоа уживај!