Лесен и брз рецепт за подготовка на вкусни протеински колачи со експандиран ориз.
За подготовка ќе ви бидат потребни:
50гр. експандиран ориз
100% какао - по желба
3 дози Natural Balance шејк од чоколада
4 лажици мед
5 лажици растопено кокосово масло
3 лажици путер од кикирики
200мл. вода (по потреба)
Убаво измешајте ги сите состојки и ставете ги во силиконска модла или рамна плитка тава обложена со нелеплива хартија.
Оставете ја смесата во ладилник најмалку 1час за да се стврдне, а потоа исечете ја на парчиња според саканата големина и послужете.
На здравје!