Рецепт за здрава ужина: Протеински палачинки со банана

Имаш потреба од здрава ужинка? Пробај ги овие вкусни палачинки кои се лесни за правење и се полни со здрави протеини и влакна од нашиот шејк за природна рамнотежа, јајца, овес и банана. Мммм...

Ќе ти бидат потребни:
- 1 голема зрела банана
- 2 големи јајца (или 4 белки ако сакаш да ги намалиш калориите и мастите)
- 2 порции NB шејк од Ванила или Чоколадо
- 1 dl овесни снегулки

Како се прават:

Чекор 1:  Стави ги сите состојки во блендер

Чекор 2: Блендирај додека не се соедини смесата 

Чекор 3: Стави мала количина од смесата во тавче и пржи ги на среден оган додека не зарумени од двете страни. Повтори го процесот, додека не се потроши целата смеса. 

Чекор 4: Додади грчки јогурт, шумско овошје и малку мед.

Уживај!

Текст: