ШЕСТ РАБОТИ ШТО МОРАТЕ ДА ГИ ИМАТЕ ОВАА ЕСЕН

Претворете ја вашата летна рутина на убавина во есенска со 6-те работи што морате да ги имате.

1. ВАШЕТО ЛИЦЕ
Пониските температури бараат појаки производи од оние што ги користевте за време на топлите месеци. Лесните гелови и пени за лице може (и треба) да се заменат со покремасти текстури, кои навлажнуваат додека ја чистат кожата.

Го сакам омекнувачкото млеко за чистење NovAge, кое ја прави кожата кадифено нежна и чиста. Потоа можете да нанесете дневен крем (со заштитен фактор) за целосен изглед.

Купете: NovAge Омекнувачко млеко за чистење лице

2. ЦЕЛОСНА НЕГА
Ако
ви треба одмор од плажа, значи вашата кожа уживала во деновите со нормално нанесување крем со заштитен фактор и крем за по сончање што го спречува сушењето на кожата. Сега не е време да престанете со секојдневното навлажнување. Одржувајте ја кожата свилена со ексфолирање под тушот и потоа ставајте лосион за тело што ќе ви ја збогати кожата.

Не можам без: Optimals Body Авокадо

3. ВРЕМЕ ЗА ОБНОВА
Сезоната
се менува и време е да размислите за вашите навики кога станува збор за косата. Косата што била изложена на солена вода, сонце и хлор бара нега кога температурите се намалуваат. Нанесувајте маска за коса еднаш неделно и ќе ги оживеете сувите влакна. Едноставно, исчешлајте ја низ влажна коса и концентрирајте се на врвовите.

Ќе ви се допадне: Eleo Маска за коса

4. НЕШТО ПОТЕМНО
Ако
го поминавте летото со цветни и овошни мириси, сега е време за промена. Додека се намалуваат деновите, пробајте дрвени или ориентални мириси. Откако ќе се стемни, јас сакам мошус, дрво кедар, килибар или сандалово дрво. 

Класика: So Fever Her Парфимирана вода

5. ИЗРАМНЕТЕ
Сончевото
време најверојатно ќе ви направи дамки - дури и ако сте биле внимателни со користењето на заштитниот фактор. Справете се со нерамномерниот тен со помош на рутина за нега на кожа, која е формулирана да го зајакне производството на меланин и да ги исчисти темните точки, за блескав тен во текот на целата зима.

Клинички докажано: Bright Sublime Сет за нега на кожа

6. ШМИНКА
Заборавете
го „пролетното чистење“: моето мислење е дека есента е совршено време за да ја средите вашата торба за шминка. Заменете го светлиот кармин со потемни, заводливи тонови (на пример бургунди) и следете го есенскиот тренд со креони за очи и со течен молив.

Омилено за во есен: The ONE Туш за очи во молив





Текст: Фотографии: Getty Images