5 производи за да го подобриш спиењето за убавина

Повеќето работи се невозможни да ги направиш додека спиеш но грижата за твојот изглед не е една од нив. Постојат многу производи што се дизајнирани за ноќна употреба, а во продолжение се одбраните 5 што ќе го подобрат твојот сон за убавина!

1. НОЌНА МАСКА ЗА МАЗНА КОЖА
Маските овозможуваат врвна нега за разгалена кожата. Иако третман од 10 – 15 мин. може да го зголеми сјајот и да ја направи кожата мека, сепак ноќните маски имаат поголемо влијание и ја оставаат кожата одморена (иако ти не си доволно одморена!). Затоа користи ја NovAge Intense Skin Recharge  Ноќната маска. Збогатена е со хранливо масло од инка инчи, купаку путер и хијалуронска киселина што е позната за измазнување на текстурата на кожата.

2. ТРЕТМАН БЕЗ ИЗМИВАЊЕ ЗА СЈАЈНА КОСА

Користењето на алатки за стилизирање на косата може да ја направи твојата коса безживотна и кршлива. Затоа еднаш неделно треба да нанесеш производи што ја обновуваат уништената коса. Најдобри вакви производи се маслата што не се измиваат и се збогатени со природни масла за сјајна коса. Еден од овие масла е Eleo Repairing Overnight Маслото за коса, што е формулирано со 7 моќни масла за потхранување и заштита на косата додека спиеш.

 

3.  ПОТХРАНУВАЧКО МАСЛО ЗА ЛИЦЕ ЗА ХИДРИРАНА КОЖА

Доколку твојата кожа е сува и се лупи, најдобро е да користиш неколку капки масло за лице (по серумот и пред ноќниот крем). Најдобри вакви масла се: The NovAge Nutri6 Маслени капсули за лице што се уникатна мешавина од шест природни масла, и Love Nature Purifying Маслото за лице без парабени што содржи органско масло од чајно дрво и лимета. Овие два производи даваат помазен и посјаен изглед прекуноќ. 

4. БОГАТ НОЌЕН КРЕМ ЗА ПОЛНА КОЖА
Додека спиеш, кожата се обновува и произведува колаген. Вечерната рутина за нега заврши ја со NovAge Ecollagen Power Ноќниот крем. Тој е дизајниран да го зголеми производството на колаген и да ги измазни линиите. Брчките се пополнети и кожата е помазна и поздрава наутро.

5. НОЌЕН КРЕМ ЗА СТАПАЛА ЗА НЕЖНИ НОЗЕ

Твоето лице не е единственото место што има придобивки од ноќната нега, вечерното време е совршено за масажа со Feet Up Comfort Overnight Хидратантен крем за стапала на уморните нозе. Ги прави стапалата меки, освежени и подготвени за новиот ден!