За успешната
Онаа амбициозната и најангажираната од твоите пријателки го смета 8ми Март за нејзин професионален ден за одмор - и со право. Таа ја посветила својата младост на влегување во водечките компании, патува на конференции помеѓу Лондон и Шангај и сега има свој успешен бизнис. Нејзиниот преполн распоред веќе одамна не е предмет за шегување - вие едвај успевате да комуницирате преку Facebook! Подарокот за неа е лесен. Мора да биде Giordani Gold козметика: безвременска класика, со акцент на италијанскиот луксуз.
Ловецот
Со бескраен извор на забавни приказни, оваа убавица секогаш лови. Таа е независна возрасна личност па затоа никогаш не и кажувајте што да прави. Понекогаш, нејзините романтични приказни ве оставаат во неверување. Можеби - на некој начин - таа ве прави малку љубоморни. Но сепак, вие и посакувате само најдбро: да го пронајде мажот од своите соништа и да биде среќна и мирна. За неа, идеален е новиот мирис Love Potion: заводлив, интригантен и сензуален.
Дигиталната зависничка
За дигиталната зависничка, купувањето не е релаксирачка активност со пријателките по која следи задолжителното седнување на кафе. За неа, тоа се часови поминати во прегледување на дизајнерски блогови и интернет страници за ретки парчиња облека за кои не сте ни слушнале! Можеби таа има и свој блог за убавина каде пишува за одредена линија козметички производи. Таа нема да биде воодушевена од кармин или маската, но затоа Skin Pro направата за чистење лице ќе ја израдува! Технички е беспрекорна, познатите ја обожаваат и најважно од се - неверојатно е ефикасна!
Мајката
Таа е првата во групата која се омажи. И да, извесен период бевте оддалечени. Но, по околу една година повторно се вративте на активно дружење, иако сега таа доаѓа со своите деца. Додека вие и другите ваши пријателки живеете безгрижно, таа води семеен живот - ги одгледува децата и ги усовршува своите готвачки способности. И ужива во тоа. Ќе биде пријатно изненадена од Ecollagen сетот за нега на кожа - и покрај променетите приоритети, секогаш постои време за мало луксузно уживање.