Ретинолот има сериозно добри перформанси – не само што го забавува видливото стареење на кожата со зајакнување на производството на колаген, зацврстување на кожата и зголемување на еластичноста на кожата, туку исто така ја намалува пигментацијата, го изедначува тенот на кожата и видливо ги намалува флеките. Да, прави речиси сè!
Кралот на состојките за нега на кожата, ретинол (АКА, витамин А) го заслужи своето место како вистински играч на моќ во нега на кожата заради неговата способност да одговори на толку широк спектар на проблеми со кожата. Сепак, и покрај неговата популарност, сè уште постои конфузија околу тоа што прави. Тука сме да помогнеме!
Што е ретинол?
Ретинолот е дериват на витамин А за кого дерматолозите и експертите за кожа го сметаатза многу ефикасен локален третман за стареење на кожата. Доаѓа и во вид на серум и во вид на крем во различна концентрација. Бидејќи е толку моќен и третира широк спектар на проблеми со кожата, тој често е главна состојка за они кои се сериозни во врска со нивната рутина за нега на кожата.
Па, што прави ретинолот за вашата кожа?
• Измазнува фини линии и брчки
• Стимулира производство на колаген, кој ја зацврстува, полне и ја измазнува кожата
• Ја рафинира текстурата и го изедначува тонот на кожата
• Се бори со флеки
Како дејтвува ретинолот?
Кога ретинолот се нанесува локално, тој се претвара во ретиноична киселина (активна форма на витамин А) која дејствува длабоко под кожата на клеточно ниво за да помогне во промовирање на синтезата на колаген и производство на еластин. Резултатот е поцврста, пополнета, помлада кожа. Ретинолот, исто така, го зголемува прометот на клетките и го обновува горниот слој, на кожата, одржувајќи ја кожата светла и рамномерна.
Колкав процент на ретинол треба да користам?
Формулите за ретинол без рецепт генерално се движат од 0,025% - 1%. Бидејќи ретинолот може да биде иритирачки за некои луѓе, добар совет е да започнеш малку и полека. “Ти препорачуваме да го користиш производот еднаш во текот на првата недела, двапати (во непоследователни денови) во текот на втората недела, три пати во текот на третата недела ( во не последователни денови) и така натаму се додека не откриеш дека кожата може да толерира еднаш дневно примена (навечер) постојано”, советува Габриела Зунаци, главен хемичар за формулации и што стои зад некои од формулациите во рамките на Орифлеим Proceuticals палетата.
Која е разликата помеѓу ретинолот и ретиноидот?
Едноставно кажано, ретинолот е вид на ретиноид. Ретиноид е термин за сите форми на витамин А кои се користат за нега на кожата. Ретиноичната киселина е најмоќниот ретионид со најбрзи резултати во кожата – но има и поголем потенцијал за иритација, па затоа е достапен само на рецепт. Значи, она што ги разликува ретиноидите од ретинол, конкретно, е потенцијата
Совет! Побарај производи направени со капсулиран ретинол. Ова му овозможува на ретинолот подобро да навлезе во кожата и помага поефикасно да ја хидрира кожата. Нашите NovAge Proceuticals капки со ретинол содржат активно ниво од 0,1% чист ретинол кој е капсулиран во заштитна полимерна обвивка што се распаѓа при контакт со кожата.