Ден на вљубените: водич за подароци за неа

Денот на вљубените повеќе не е само за двојките. Тој е совршената можност да им покажеш на саканите колку се грижиш за нив. Чоколадите и цвеќињата се убави, но не траат многу долго. Заборави на традиционалните подароци, подари им и изненади ги со нешто во што ќе може да уживаат долго време.

За романтичните, ја препорачуваме НОВАТА тоалетна вода Eclat Amour. Женствена и привлечна, овој цветен и овошен мирис совршено ги доловува романтиката и магијата на Париз. Само едно прскање е доволно да те понесе во градот на вечната љубов.

 

Љубителите на релаксацијата нема да можат да му одолеат на НОВИОТ пенлив гел Pretty Peach. Овој раскошен пенлив гел се претвора во кадифена пена, која ја обвива кожата со неодолив долготраен мирис на праски и цветови, помешани со љубовен акорд. Совршено уживање за телото и за сетилата.

 

Дали имаш пријателка што е опседната со модата и што сака секогаш да биде модерна? Имаме широк избор модерни и практични модни додатоци што ќе ги задоволат и најпребирливите следбеници на модата. Разгледај ги фантастичните модни додатоци за оваа сезона!

Разгледај го Каталог 2 за уште поубави подароци, за тебе и за саканите.