1. Да почнеме со природно
Природна шминка најчесто значи шминка што е блиска на твојот природен тен и што го нагласува твојот природен изглед, но НОВАТА природна шминка значи да изгледаш одлично однадвор и однатре. Едноставни утрински рутини и повеќенаменски производи. Всушност, помалку време пред огледало, но подолго одличен изглед!
2. Убавината доаѓа однатре
Полесно е да уживаш во денот кога се чувствуваш одлично. Почни со добар сон и пиј многу вода. За време на една од фотосесиите, ги прашавме нашите прекрасни манекенки како го одржуваат својот одличен изглед. Освен што пијат многу вода, ни дадоа и еден златен совет: масирај го и хидрирај го вратот, за лицето да ти изгледа свежо.
3. Едноставни утра
Ти здодеа справувањето со различни шишенца и четки секое утро, додека се брзаш да излезеш од дома? Новиот природен изглед се залага за користење повеќенаменски производи што ќе ги направат твоите утра многу поедноставни, како на пример хидратантната крем-пудра The ONE A-Z со СПФ 30. Хидратацијата, лесната покривност и заштитниот фактор 30 се само неколку од повеќе од 10 ефекти на оваа крем-пудра. Само нанеси ја и твојата омилена маскара и ќе бидеш подготвена!
Новиот природен изглед значи да се грижиш за твоето тело однатре, да ги одржуваш твоите утра едноставни и да најдеш производи со повеќе ефекти. Тоа е вистинска убавина за вистински живот.