Дали бараш нов начин за чистење на лицето? Во последно време нам ни се допаѓа двојното чистење на лицето! Новото масло за чистење лице NovAge содржи мешавина од масла, како природно масло од жолто ноќниче. Маслото се нанесува на кожата лесно и мазно, а кога ќе дојде во контакт со вода, се претвора во млечен лосион, кој лесно се плакне и ги отстранува сите нечистотии, а кожата станува прекрасно мека и мазна.
Како се користи?
Притисни ја пумпичката еднаш или двапати и нанеси од маслото на дланката. Нанеси на суво лице и нежно измасирај. Ако имаш мрсна Т-зона, фокусирај се на неа. Навлажни ги рацете и масирај ја кожата додека маслото се претвори во млечнобел лосион. Исплакни го со чиста топла вода. За двојно чистење, по маслото, измиј го лицето со твојот вообичаен гел за лице - тука можеш да прочиташ повеќе за двојно чистење!
За прекрасна нега на телото, пробај го маслото за тело и за масажа Irresistible Aphrodit, со фантастичен мирис, кое ја хидрира, омекнува и ја измазнува кожата по туширањето. За дополнително уживање, маслото остава нежен цветен мирис.
Како се користи?
По туширањето, со кружни движења, втриј го маслото на кожата. Лесниот и немрсен состав, лесно се впива во кожата.
Дополнителна нега за сува коса? Благодарение на природните масла, сувото масло за коса Eleo длабински ја потхранува и ја обновува убавината на косата однатре.
Како се користи?
Нанеси малку масло на дланката. Доволно е двапати да ја притиснеш пумпичката, доколку имаш коса со средна должина. Користи помалку или повеќе, во зависност од должината на косата. Протриј го маслото помеѓу дланките, пред да го нанесеш еднакво на мокра или на сува коса. Не мора да се плакне.