Се среќавате три пати неделно во теретана и еднаш одите да трчате заедно (иако вие преферирате возење ролери). Тој е вашиот тренинг-партнер. Тој е секогаш тука да ви помогне кога вежбате со тегови и секогаш знае да ви препорача добар физиотерапевт. Тој веќе ги има купено сите спортски суплементи, затоа оваа година купете му од лимитираното издание на Wellness Пакување - Златната едиција. Спакувано во ексклузивно пакување, тоа изгледа како вистински подарок: празнично, ефективно и оптимистично.
Вашиот омилем колега
Добро работите како пар и уживате кога сте заедно - тој ви помага со граматиката, а вие ги согледувате слабостите во неговиот бизнис план. Дури и вашиот шеф мисли дека се одличен тим, но знаете дека тоа е само професионално. Но, од 9:00 до 18:00 часот, вие сте заедно и остварувате резултати. До сега постигнавте квартален раст, и покрај тешката финансиска состојба. За да му покажете дека се грижите, зашто не мѕ подарите “North for Men"? Кремот против стареење и балсамот за очи е одличен начин да му заблагодарите за напорната работа која ја вложи преку годината.
Вашето (скоро) момче
Се запознавте преку социјална мрежа, за да откриете дека имате голем број на зеднички пријатели. Но, иако не сте сигурни дали тоа се состаноци или не - би сакале да бидат. Збунети сте каков е вашиот однос. Ако тој превземе иницијатива (ајде бидете оптимисти!) тогаш покажете го и вие вашиот интерес. Подарете му Possess - парфем со ноти на ловоров цвет и грејпфрут.
Најдобриот пријател
Тој знае нешта кои би сакале да ги заборави. Луѓето ви велат дека сте како брачна двојка. Но, пред се, она што ве поврзува е пријателството. Момчињата доаѓаат и си одат, но тој е секогаш тука и знаете дека можете да се потпрете на него. Топлите и уникатни ноти на Dark Wood, ја прават оваа тоалетна вода совршен подарок за вашиот најдобар пријател.
Најдобриот шеф на светот
Купување за шеф-маж може да биде комплицирано. Го почитувате неизмерно (а и тој вас), затоа не сакате да ризикувате да ги преминете професионалните граници. За вашиот грижлив шеф, одберете ја благородната тоалетна вода Giordani Man.
Toj
Живеете заедно со години, но тој пак ве изненадува и ви открива нови страни на неговата личност. Затоа, обрнувате посебно внимание кога избирате подарок за него. За него и неа, тоа мора да биде So Fever – бидејќи тој е најдобриот подарок кој сте го добиле, а вие неговиот.