Водич за празнични подароци

Сезоната на подароци е тука, но не грижи се, ние ќе ти помогнеме! Следува нашиот избор на совршени подароци за твоите блиски и сакани!

ЗА ДЕВОЈКАТА
Совршен подарок е нешто што може да се комбинира и да се носи со различна облека, секој ден. Сетот обетки што се трансформираат е совршен подарок за секоја девојка. Совршен спој од класични бисери и прекрасен сјај што ќе ја воодушеви секоја жена.

ЗА МОМЧЕТО
Дај му до знаење дека сакаш да одите на викенд-патување, така што ќе му подариш совршен несесер за патување. Совршен подарок и за двајцата! Спојот од бои и материјали му дава ексклузивен изглед на несесерот, какво што се надеваме ќе биде и вашето патување.

ЗА СЕСТРАТА
Важен дел од подарувањето е и процесот на распакување на подароците. Поради тоа, оваа плетена капа е совршен подарок за твојата сестра, бидејќи доаѓа во најсимпатичното кутиче, со рунтаво топче на врвот!

ЗА МАЈКАТА
Не постои подобар начин да ѝ покажеш на својата мајка дека се грижиш за неа од подарување удобен шал, кој може да го замота околу себе како нежна прегратка! Овој разновиден шал може да го носи од страната со класична бордо боја или со модерна темнорозова боја. Дај ѝ можност да ја избере својата сезонска боја!

ЗА БРАТОТ
Избери стилски паричник за својот брат, не само што е добар подарок туку е и суптилен знак за да те почести вечера наредниот пат кога ќе излезете!

ЗА ТАТКОТО
Чорапите порано биле класичен подарок за празниците! Оваа година ти претставуваме модерен пар чорапи, во трендовско и разиграно пакување. Овој подарок не е само практичен туку е и забавен. Совршен за татковците!

Текст: Фотографии: Орифлеим