Водич за користење маскара

Секој производ не одговара секому. Ова особено важи за маскарата. Маскарата што ѝ прилега на сестра ти, другарка ти или колешката, може да не ти прилега тебе. Сепак, не грижи се! Прочитај го нашиот водич и одбери ја идеалната маскара за тебе.

1. За чувствителни очи
Постојат многу видови маскари на пазарот, но доколку и ти како мене, имаш чувствителни очи, знаеш дека ти е голем предизвик да ја пронајдеш маскарата што најмногу ти одговара. За среќа, нашите производи содржат состојки за нега што ги прават твоите трепки да изгледаат прекрасно.
Ќе ти се допадне: The ONE 5 во 1 WonderLash Маскара

2. Екстремна водоотпорност
Обожаваш да пливаш? Да џогираш? Да скијаш? Тогаш ќе ти треба маскара што е отпорна на размачкување, влага, вода и во твојот случај отпорна на животот. Со новата Lash Wrap технологија, нема потреба да се откажеш од маскарата, па и во најекстремните услови. Исто така, лесно се вади со топла вода!
Пробај ја: The ONE No Compromise Маскара

3. За здрав изглед
Многу луѓе имаат проблеми со слаби и тенки трепки што лесно паѓаат. Вложи во маскаа штоќе им даде дебелина и должина на твоите трепки, без да се згрутчи. Исто така ти препорачувам да одбереш маскара што содржи витамини што ги разубавуваат трепките.
Носи ја: Giordani Gold Iconic All-in-One Маскара

4. За очи широко отворени
Сакаш очите да ти изгледаат поголемо, и тоа за 30%? Пробај го лимитираното издание на The ONE Eyes Wide Open & Awake Маскарата со иновативна четкичка која ги крева трепките и извиткува истовремено. Нејзината формула ги храни и регенерира трепките со витамин Е и екстракт од алое вера. Збогатена со свеж мирис што ги буди сетилата за миг. 

5. За неверојатен волумен
Понекогаш е тешко да се постигне должина, волумен и истовремено прецизно да се нанесе маскарата без грутки. Доколку овој проблем ти звучи познато, одбери маскара што има четкичка за одвојување на трепките, што им дава можност на твоите трепки за рамномерно нанесување и до 24 пати поголем волумен. Го обожавам ваквиот изглед за преку ден.
Маскара што мора да ја имаш: The ONE Volume Blast Маскара

Текст: