Исто како што ја менуваме гардеробата пред почеток на есента и моите рутини за разубавување ја следат промената на годишните сезони. За мене есента секогаш значи нов почеток така што на ред доаѓаат важни промени во рутината за нега на кожа и исто така содржината на мојата козметичка торбичка. Треба да се подготвам за поладни денови. Еве неколку совети како на најдобар начин да ја започнете зимата!
1ЗАПОЧНЕТЕ ЈА СЕЗОНАТА СО НОВА РУТИНА ЗА НЕГА НА КОЖА
Створете нова навика за земање витамини секој ден: иднината ќе ви биде многу благодарна. Јас секој ден земам веќе подготвени Wellness производи. Ми обезбедуваат се што треба за моето тело: омега 3, антиоксиданти и мултивитамини во само една кесичка!
2ЕСЕНСКО ПОДГОТВУВАЊЕ НА КОЗМЕТИЧКАТА ТОРБИЧКА
Почетокот на новата сезона е совршено време за да ја прегледате вашата торбичка и да проверите дали сите производи што ги користите имаат важечки рок на траење и да ги замените со нови производи. Јас ги фрлам сите летни кармини и ја обновувам шминката со класичен црвен кармин и нова маскара. Исто така внимавам на тоа да го заменам својот ВВ крем со крем кој подобро ги прекрива недостатоците што ми е потребно за постудените денови. Мој апсолутен фаворит е минералната пудра. Уште една важна инвестиција е пудрата за самопотемнување за да ја одржам летната боја и топчињата за нијансирање од седефасти микрочестички кои го чуваат бронзениот сјај на кожата.
3СВЕЖИНА, СВЕЖИНА, СВЕЖИНА
Есента е совршено годишно време за обновување на својата дневна рутина за постуден период. Стовете навика да правите пилинг на кожата по секое туширање и задолжително да ја хидрирате кожата. Јас имам многу сува кожа која уште повеќе се суши како што паѓаат температурите и затоа користам богат крем за тело. Уште една многу важна рутина е нанесување на дебел слој крем за раце пред спиење. На крај, но не и помалку важно, не заборавајте на своето лице. Јас секогаш користам серум, но во есен преминувам на крем за лице кој обезбедува поголема хидратација. Исто така станав целосно зависна од хидратантните маски во облик на гел и с еобидувам да ја користам омилената еднаш неделно.
4РЕВИТАЛИЗИРАЈТЕ ЈА СВОЈАТА КОСА
Солената вода, хлорот, песокот и сонцето оставаат последици на вашата коса независно колку сте биле вни,ателни во текот на летото. Јас внимавам на тоа да користам маска за регенерирање на косата, потоа ја завиткувам во топла крпа и ја држам 15 минути. Топлината придонесува маската побрзо да се впие во фоликулите на косата и тоа на косата му дава здрав сјај и мекост.