Избор на уредникот: најдобрите мириси за него

Мирисите се одраз на карактерот на тој што ги користи, но не е секогаш лесно да се снајдеш во џунглата од мириси. Ние ќе ти помогнеме! Прочитај ја статијата за да ги откриеш омилените мириси на нашиот уредник и да го најдеш совршениот мирис за тебе!

ИЗБЕРИ ДОБАР МИРИС
Мирисите се составени од три слоја: горниот слој го остава првиот впечаток за мирисот, срцевината може да ја почувствуваш по неколку минути, а основата е мирисот што останува подолго време. Нашето сетило за мирис игра голема улога во нашиот впечаток за другите луѓе и некои мириси може да имаат емоционално влијание врз лицата околу нас.

ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ЗА:

1. ЕЛЕГАНТНИОТ МАЖ
Индивидуалност, слобода и елеганција, Mister Giordani е за мажот со слободен дух, кој живее во моментот. Со необичен спој на грејпфрут и ѓумбир, тоалетната вода Mister Giordani има јак и страстен мирис, засилен со зелена сардела и бибер. Горните ноти од ветивер будат чувство на спонтан младешки шарм и елеганција, кои ги привлекуваат другите луѓе. Дали е оригинален и привлечен, со неодолива насмевка? Тогаш овој мирис е за него!

 

2. АВАНТУРИСТОТ
Venture Beyond е за мажот што се осмелува да помине преку границите на дозволеното. Овој мирис е израз на контрола, енергија и свежина. Venture Beyond е вистинскиот мирис за тој што сака да истражува и да се соочува со предизвици! Енергичните горни ноти од мандарина ќе го исполнат со енергија, додека нежните но цврсти ноти од железен даб ќе ја нагласат неговата мажественост. Venture ќе ја зголеми неговата самодоверба и ќе остави трага на возбуда што ќе ја почувствуваат тие околу него!

3. САМОУВЕРЕНИОТ МАЖ
Овој мирис не е за срамежливите. Инспириран од нордискиот бог Тор, Possess The Secret зрачи со моќ и сила. Како Тор, оваа парфимирана тоалетна вода е дефинитивно за впечатливиот маж. Горните ноти на бергамот и освежувачкиот мраз зрачат со мажественот, додека срцевината открива допир на солени ноти со нежни ноти од жалфија. Живите оснoвни ноти од даб и мешавина од грејпфрут и дрвенести ноти се вистински шлаг на тортата што создава незаборавен мирис. Ако сака да остави единствен впечаток, овој мирис сигурно ќе го изрази неговиот самоуверен карактер!

Текст: Фотографии: Шарлот