Едногодишнина
За него: Сите сакаме нашите партнери да останат среќни и здрави. Дали постои подобар начин да ја изразиш својата љубов од давање подарок за добри и здрави навики? Ти го препорачуваме пакувањето за мажи Wellness за одлична комбинација на основни хранливи состојки и антиоксиданти.
За неа: Ниту еден водич за подароци не е целосен без шминка, но не е лесно да се купи шминка за некој друг. Колку подобро ја познаваш твојата сакана, толку посмел можеш да бидеш со твоите избори. Ти ги препорачуваме новите производи на Giordani Gold, со нови елегантни пакувања.
Тригодишнина
За него: Подарувањето колонска вода е знак на блискост. Сепак, му подаруваш нешто што ќе го користи секој ден. Доколку сакаш да му подариш модерен и стилски мирис, избери ја тоалетната вода Eclat Homme, а ако претпочиташ познат софистициран мирис, тогаш ти ја препорачуваме тоалетната вода Giordani Gold Man.
За неа: Исто како и со машката колонска вода, мирисот е најинтимен подарок за неа. Прослави ја вашата вечна љубов со Volare. Овој мирис има привлечен, но лесен и цветен гурмански мирис, со ноти на темјанушка, божур, роза и пралине. За смел мирис што е веднаш препознатлив ти го препорачуваме заводливиот мирис на Love Potion - ниту еден од вас нема да може да му одолее.
Петгодишнина
За него: Ако сакаш да му порачаш дека вашата љубов е безвременска, подари му часовник. Можеби веќе има часовник за излегување, но не и часовник за секој ден. Погледни каква облека најчесто носи и што му недостига. Дали сака кожа или метал? Избери часовник што одговара на неговиот стил, за да бидеш сигурна дека ќе го носи!
За неа: Накитот секогаш е добар подарок. Тој е допир на луксуз во кој може да ужива долго време. Пред да го направиш својот избор, направи мало истражување. На тој начин ќе ѝ подариш нешто што навистина ќе го обожава. Каков тип жена е? Дали сака да пробува нови работи или носи класична облека? Разгледај го нејзиниот накит за да видиш што би било одличен додаток во нејзината колекција! Можеби обетки, ѓердан или убав прстен што одговара на нејзиниот стил.
Десетгодишнина
За него: Заедно сте веќе долго време! Иако ти се допаѓа тоа што заедно ќе остарите, можеби сакаш да му помогнеш да се грижи за својата кожа. Затоа, зошто не составиш сет за нега со гел за миење лице, балсам за очи и хидратантен крем? Сигурно ќе му се допадне нашата линија North For Men со технологија арктик дефенс. За мажот што се грижи за својот изглед, го препорачуваме апаратот за чистење лице SkinPro, кој е едноминутна дневна рутина што ќе ја обожава!
За неа: Заедно сте веќе 10 години и планирате да бидете заедно уште долго време. Исто како што има вложено во вашата врска, сигурно ќе сака да вложи време и во својата рутина за нега на кожата. Затоа, покажи ѝ колку ја сакаш со висококвалитетен сет за нега на кожа. Практично спакуваната рутина за нега на кожа со 4 чекори ќе ѝ помогне за секој проблем. Можеби ќе ти треба малку истражување, но ќе биде воодушевена од подароците и од тебе.
Дали си подготвен да потрошиш малку повеќе на љубовта на твојот живот? Подари ѝ го апаратот за нега на кожа од нејзините соништа! Нашиот апарат за чистење лице SkinPro има две брзини и моќна четка, што овозможува длабинско чистење и масажа истовремено.