1. Летни цветови
Добри за: Опуштени забави на отворени
Додека зимата е совршена за заводливи цветни мириси како иланг иланг и црвен јасмин, кога е потопло, сакам да преминам на понежни букети. Трендовите потврдуваат дека ова лето вниманието е насочено кон цветот фрезија - нота која е истовремено деликатна и зачинета. Или останете фокусирани на парфеми со цветни ноти - тие се идеални за носење во комбинација со летни фустани!
Барајте: фрезија, цветови од портокал, цветови од цреша, божур, бел јоргован
Купете: Giordani Gold Essenza
Совет! Косата задржува мирис доста добро, па затоа прснете на чешелот и нанесете со чешлање.
2. Толку свежо, толку чисто
Добри за: Лето во градот
Најчесто користен како основна нота, мошусот го зацврстува мирисот, ми нагласува другите ноти и го врзува мирисот за кожата за подолго да трае. Мошусните мириси доста се разликуваат меѓу себе, но за мене, првото шприцнување на тоалетна вода со бел мошус го означува почетокот на пролетта! Со својот мирис на свежо испрани алишта, тој е класичниот "чист" мирис.
Барајте: бел мошус
Купете: Elvie Тоалетна вода
Совет! Чувајте го парфемот на свежо, суво место за да избегнете да му се расипе миризбата.
3. Слатки мириси
Добри за: Танцување во ноќта
Еден од најголемите летни трендови според Извештајот за седумте мириси е шербетот - слатки ароми што би посакале да и изедете. Време е да ги тргнете тешките парфеми на страна и да побарате нешто полесно. Свежи, овошни мириси се секогаш добаризбор за подобрување на расположението, особено кога имаат цветни ноти - како летен одмор ставен во шише.
Барајте: јагода, лубеница, малина, розов грејпфрут, праска и лимон
Купете: VIP Night
Совет! Секогаш нанесувајте мирис по туширањето, пред да се облечете за мирисот да трае подолго. Мирисот се задржува подоброна хидрирана кожа.
4. Морско ветре
Добри за: Денови на плажа
Парфимерите го доловија мирисот на морско ветре и го ставија во шише ова лето. Барајте солени морски ноти комбинирани со цветни - тие даваат неочекуван пресврт на типичните цветни мириси.
Барајте: морска сол, Еликсир на морето, мов
Купете: Blue Wonders
Совет! Секоја година излегуваат над 1000 нови мириси – дајте си време да го одберете вашиот.