ЗА МАЈКИТЕ
„Едни од најчестите знаци на стареење за жените над 40 години е загубата на цврстината и контурите на кожата на лицето. Затоа, како подарок за мајките, го препорачувам сетот за нега на кожа NovAge Ultimate Lift. Збогатен со нашата патентирана технологија AspartoLift, овој сет клинички докажано ѝ дава поголема еластичност на кожата за 70%, во рок од 12 недели. Исто така, можете да подарите поголем луксуз со капсулите со мешавина од масла NovAge Nutri6. Оваа мешавина од шест природни масла богати со хранливи материи длабоко ја негува кожата и ѝ дава дополнителна заштита во зимскиот период.“
ЗА ТАТКОВЦИТЕ
„Луѓето најчесто не размислуваат на оваа тема, но на мажите им е потребна рутинска нега на кожата исто колку и на жените. Надворешните влијанија, како на пример бричењето, и внатрешните, како создавањето помали количества себум од потребното, се показатели дека на кожата на мажот ѝ е потребна хидратација. Затоа, подарете му на вашиот татко производи за нега на кожата од нашата врвна линија North For Men. Тие се богати со антиоксиданти и со состојки што ѝ даваат енергија на кожата. Исто така потребно е да се заштити кожата по бричењето и да се користи балсам за по бричење за да се спречи иритација.
ЗА СЕСТРИТЕ
„Дваесеттите претставуваат години кога треба да се започне со нега против стареење на кожата. Затоа ви препорачувам на вашата сестра да ѝ подарите NovAge True Perfection Сет за нега на кожата. Тој ги чисти клетките на кожата, ги намалува порите и ја заштитува од слободните радикали. Еден општопознат знак на стареење на кожата, што ги прави луѓето да изгледаат постаро од тоа што навистина се, е нееднаквоста на тоновите на кожата. Затоа помогнете ѝ на вашата сестра подолго да изгледа младолико со Optimals Even Out. Овие производи прават чуда за осветлување на пигментот и го поттикнуваат создавањето на меланинот.“
ЗА ТИНЕЈЏЕРИТЕ
Тинејџерите најчесто страдаат од дамки, црнки и мозолчиња на кожата поради хормонските промени. Затоа, важно е да се чисти и ексфолира кожата за да се отстрани насобирањето на мртвите клетки и вишокот мрснотии. Колекцијата Pure Skin содржи комбинација на салицилна киселина, технологија за детектирање и екстракти од суперовошја што ѝ помагаат на кожата да не се исфрла. А за деновите кога мрснотијата на кожата излегува надвор од контрола, Optimals Oxygen Boost Марамчињата за впивање мрснотија се одлични за кожата.“
ЗА БАБИТЕ И ЗА ДЕДОВЦИТЕ
„Како што нашите тела го намалуваат производството на природни липиди и се намалува процесот за обновување на кожата, сувата кожа претставува една од најголемите грижи за луѓето во постари години. Можете на вашите баби и дедовци да им подарите еден или два од нашите чудесни балсами Tender Care Балсами. Тие содржат природен восок од пчела и масла од зеленчук што помагаат за обновување на мекоста и за зачувување на влагата во кожата.“