7 производи што му се потребни на секој маж

Сакате да го збогатите вашиот режим на туширање и бричење, но не знаете од каде да почнете? Без грижи! Ви препорачуваме седум од најважните производи за убавина што му се потребни на секој маж.

1. КРЕМ ЗА ОЧИ
Изгледајте одморено, без разлика дали се чувствувате така! Со вистинскиот крем за очи долгите ноќи во канцеларија или во град нема да остават трага врз вашиот изглед наредното утро. North for Men Advanced Age Control Eye Care кремот докажано ги намалува темните кругови и го сведува на минимум отокот под окото за 76%.

2. ДНЕВЕН КРЕМ
Заштитете ја вашата кожа од околината! Сончевите зраци и загадувањето го забрзуваат стареењето на вашата кожа и му додаваат години на изгледот на вашето лице. Затоа заштитете ја вашата кожа со дневниот крем Optimals Even Out Preventing, со СПФ 20, или со кремот North for Men Advanced Age Control Face.

OO

3. НОЌЕН КРЕМ
Дозволете вашето спиење да проработи за вас! Здрава, привлечна кожа е таа што има хидратација и сјае. Затоа, значително е доколку ја навлажнувате вашата кожа на вистинскиот начин секоја ноќ пред да си легнете да спиете. Ноќниот крем Optimals Even Out Replenishing прекуноќ ќе направи чуда за вашата кожа.

4. КРЕМ ПО БРИЧЕЊЕ
Мислите дека навлажнувачот е доволен по бричење? Помислете повторно. Исто така потребен ви е и крем по бричењето, како кремот North for Men Sensitive Soothing, кој ви помага при ладење на вашата кожа, го запира непријатното чувство по бричење, како и иритацијата на кожата. Овој производ мора да го има секој маж.

OO

5. СЕТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЛИЧНА ХИГИЕНА
Не бидете од оние мажи што ги запоставуваат своите нокти. Добро одржаните раце даваат добар прв впечаток и го намалуваат ризикот од формирање бактерија под вашите нокти. Добар сет за одржување на личната хигиена се состои од две ноктарки (една за нокти на рацете, друга за нокти на стапалата), турпија за нокти и малечки ножички.

6. ПАРФЕМ
Оставете одличен впечаток со мирис што ќе им биде препознатлив на другите по вас. Вашиот парфем кажува многу за тоа кој сте всушност вие и не секогаш може да се избере вистинскиот парфем, кој најмногу ви одговара. Не сте сигурни каков парфем да одберете? Прочитајте го нашиот водич: Како да изберете парфем за вашиот маж.


7. ДЕЗОДОРАНС

Останете свежи дури и под притисок со добар антиперспирант. Изберете дезодоранс што ќе одговара на вашиот парфем или одберете ја долготрајната четириесет и осумчасовна заштита на дезодорансот North for Men Recharge.

Текст: