7 производи што мора да ги имаш оваа зима

Дали зимата е најпроблематичниот дел од годината за твојата кожа? Не грижи се! Нашата уредничка за убавина издвои 7 производи за убава зима.

1. SKINPRO АПАРАТ ЗА ЧИСТЕЊЕ ЛИЦЕ
Можеби не звучи многу логично да ја чистиш кожата кога е сува, но не заборавај дека секогаш треба да ги отстрануваш мртвите клетки на кожата за да избегнеш црвенило и акни. Нашиот апарат за чистење лице нежно ја масира кожата и ефикасно ги отстранува нечистотиите и шминката. Потоа ти е потребен само хидратантен крем.

2. ECOBEAUTY МАСЛО ЗА ЛИЦЕ
Сувата кожа може да се победи и со хранливо масло за лице. Нашето масло за лице од линијата EcoBeauty содржи екстракт од памук и органско арганово масло и е богато со хранливи есенцијална масла што ја разубавуваат кожата. Пробај го сега!

3. NOVAGE INTENSE SKIN RECHARGE НОЌНА МАСКА
Оваа маска од врвната линија за нега на кожа NovAge е одлично дополнување на твојата секојдневна рутина за нега. Таа длабоко ја храни и хидрира твојата кожа и е идеална за во зима!

4. NOVAGE NUTRI6 КАПСУЛИ ЗА ЛИЦЕ СО МЕШАВИНА ОД МАСЛА
Сакаш да ја разгалиш кожата уште повеќе? Тогаш, нашиот предлог се неверојатните NovAge Nutri6 Капсули за лице со мешавина од масла. Тие содржат шест масла што се богати со масни киселини, липиди, антиоксиданти, витамини и минерали, кои заедно ја хранат и ја штитат твојата кожа.

5. TENDER CARE БАЛСАМ
Култниот производ на Орифлеим, Tender Care Балсамот ја коригира текстурата на твојата кожа и ја штити од сушење. А, најдоброто е тоа што можеш да го носиш насекаде со себе!

6. SOFTCARESS КРЕМ ЗА РАЦЕ И НОКТИ
Лицето не е единственото нешто што ги трпи последиците на ладното време. Повеќемина од нас имаат проблем со суви раце и кршливи нокти во зима. SoftCaress Kремот за раце и нокти е идеално решение! Содржи масло од макадамија што ги хидрира рацете и ноктите и не ги мрси.

7. MILK & HONEY КРЕМ ЗА РАЦЕ И ТЕЛО
Покажи му екстра-љубов на твоето тело со нашиот луксузен крем за тело што интензивно ја хидрира кожата во текот на целиот ден. Верувај ни, нема да погрешиш!

Текст: