Враќање на матот

Најатрактивниот тренд за усни оваа сезона, без сомневање е износениот мат. Омилен меѓу шминкерите, познатите беа видени како носат кадифени тестури во впечатливи нијанси, на црвениот тепих и во секојдневието. Еве како тие го слават враќањето на матот.

Зошто мат-усните имаа толку силен ефект?  Веројатно затоа што даваат пософистициран изглед од сјајните усни. И затоа што поради кремастата конзитентност на мат карминот помали се шансите да се размачкате, плус бојата трае подолго, па не мора да се грижите за повторно нанесување. Шик и лесно? Да, ве молам!

Ги избравме наите омилени мат-излгеда на познатитево моментот:

 

Розовите мат-усни на Ема Стоун
Го сакаме овој храбар изглед со неговата свежа, пролетна боја. Нејзината тајна за мат-усни? Порцеланска кожа, средени веѓи и неколку слоеви маскара даваат доволна, дискретна шминка за фокусот да остане на усните.

 

  


Темните виолетово-кафени усни на Ријана
Ријана е кралицата на впечатливите усни. Со овој темен, мат, кадифен финиш таа гарантирано ќе ги привлече погледите кон себе. Темните мат усни моментално го подобруваат изгледот на секоја шминка со многу малку труд - тие се задолжителни.

 

 

 

Карамел крем мат усните на Кајли Џенер
Кафеавиот кармин е повторно актуелен! Повторно живејте ги 90тите со карамел-усните на Кајли Џенер. Карминот без сјај суптилно го дополнува нејзиниот изглед - нема потреба од дополнителна шминка и нагласување: бојата на усните е доволна. Прекрасно!

 

 

 

 

 

Meсо-боја мат усни на Сиена Милер
Без разлика дали ќе ги забележите месо-боја усните на Сиена или не, не е важно затоа што мекиот, скоро природен изглед на мат усните е да дополни и поддржи наместо на биде нагласи и биде во преден план. Суптилен и шик!



 

 




Текст: Фотографии: Getty images