Принццеза Катерина од Велика Британија
Принцеза Катерина (порано позната како Кејт Мидлтон) се омажи за принц Вилијам во 2011 год. во една од најголемите и најпознати кралски свадби до сега. Од тогаш таа роди две деца, фокусирана е на добротворна работа и беше избрана една од “100те највлијателни луѓе во светот” од страна на магазинот Тајм. Нејзиниот најпрепознатлив изглед се содржи од течна пудра со мека покриеност, кафен молив за очи и румени образи. За да го постигнете кафениот зачадениот изглед на очите на Кејт пробајте да ја размачкате линијата од моливчето во прсти за да ја омеекнете, веѓите секогаш нека ви бидат средени и одберете неутрални усни. Исто така ја обожаваме нејзината коса која секогаш изгледа штотуку фенирано.
Принцеза Сириванавари Нариратана од Тајланд
Принцеза Сириванавари Нариратана, ќерката на крунисаниот принц Маха Ваџралонгкорн е редовен посетител на париската модна недела. Нејзиниот препонатлив изглед е модерен и исполнет со бои, но никогаш не му недостасува софистицираност. Таа не се воздржува од носење светли кармини, кои ги ккомбинира со претерани трепки, пудра со високка покриеност и бронзени образи. Погледнете ја нејзината бујна сјајна коса која предизвикува воздишки и завист!
Кралица Ранија Ал-абдула од Јордан
OK, таа не е принцеза, но кралицата Ранија од Јордан не само што се смета за една од најпрогресивните жени во нејзиниот регион, туку претставува и икона на убавина. Нејзниот препознатлив изглед се состои од валкано-розов кармин и дефинирани драматични очи, со балансирана елеганција што и прилега на една кралица. Нејзиниот производи за убавина вклучуваат туш за очи (што носи само на горниот капак), мат сенки за очи (во неутрални кафени тонови) и маскара за згуснување на трепките - совршено зачадени очи.
Принцеза Киша Омилана од Нигерија
Кога нигерискиот принц ја видел Киша за прв пат, ја поздравил со: "Ти си најубавата 7ена што сум ја видел во животот.” И со причина! Моделката и филантропистка сака да носи едноставна шминка - свежа кожа и совршени веѓи. Кожата е природна и со пудра со мала покриеност, образите сјајни и нагласени, а усните со сјај - прекрасно!
Принцеза Меделин од Шведска
Покрај нејзините кралски должности и добротворна работа, принцезата Меделин од Шведска обожава да јава коњи - можеби тоа ги објаснува нејзините румени образи и сјаен тен? Нејзиниот препознатлив изглед се состои од сјајна коса и дефинирани очи: шик и соодветно на пригодата. Принцезата ги прескокнува сенките за очи, па наместо нив избира кафен молив за очи што го комбинира со сјај за усни во розови, темно црвени или виолетови нијанси.