#1 Парфимиран спреј за тело North for Men
Се вели дека кога мирисаш свежо и пријатно, тогаш се чувствуваш попродуктивно и позитивно. Можеш целосно да го смениш своето расположение со добар спреј за тело, кој истовремено мириса свежо и мажествено. Мирисај добро за време на ова сончево време со парфимираниот спреј за тело North for Men, кој е збогатен со свежи цитрусни горни ноти што се преточуваат во мешавина од цветен, дрвен и ванилин мирис. Не може да не ти се допадне!
#2 Сет NovAge Men
Многу луѓе мислат дека не им е потребен хидратантен крем прекулето, но сонцето може да биде немилосрдно и да ја намали хидратацијата на кожата, која е потребна за свеж и младешки изглед. Хидрирај ја кожата со сетот NovAge Men, кој е составен од пилинг-гел за чистење лице, хидратантен серум, гел за очи и гел-лосион за лице. Производите темелно ја чистат кожата и ја хидрираат однатре, за одморена и свежа кожа секој ден.
#3 Пакување за мажи Wellness:
Суровите летни денови може да бидат многу исцрпувачки, особено кога мораш да завршиш сѐ навреме. Претераното потење може да нè направи мрзливи и да нѐ остави без енергија за исполнување на роковите, а дури и за уживање во летото. За да го решиш овој проблем, треба да се чувствуваш добро однатре. Здравото тело има и здрава кожа, што ќе направи да изгледаш свежо и активно без дополнителен напор. За да го подобриш телото однатре, користи пакување за мажи Wellness, кое е богато со витамини, минерали, неопходни омега 3 масни киселини и астаксантин, кои ќе ти помогнат да го зацврстиш имунитетот и да се чувствуваш балансирано и енергично. Ова нека биде твојата рутина!
Што чекаш? Пробај ги овие летни производи и уживај во летото.