ОВЕН
21. март – 20. април
Луѓето родени во овој знак се природни лидери, ентузијасти и самоуверени. Црвениот гранат, познат и како креативен огнен камен, е каменот што ја стимулира оваа моќна, страсна енергија!
Ако се восхитуваш на силата и бестрашниот пристап кон животот на твојот пријател, изберете ја колекцијата Delicious Garnet или Sunset Garnet како подарок!
БИК
21. април – 20. мај
Опушти се на сонце, шолја топол чај, вкусен оброк… тоа е Бик! Знак што сака луксуз и уживање. Исто како аметист, прекрасен камен кој природата го обликува во мермерни нијанси и кој предизвикува смиреност и јасност. Се верува дека ги отстранува сите негативни чувства.
Ако пријателката те научила како да уживаш во сето она што ти го нуди животот, подари ѝ парче накит што го симболизира тоа. Провери ја нашата колекција Sparkling Amethyst!
БЛИЗНАЦИ
21. мај – 20. јуни
Родените во знакот Близнаци се прилагодливи и имаат голем интерес, но се и многу ментално активни. Се верува дека ахат носи хармонија и рамнотежа на телото, духот и умот.
Ако твојата пријателка постојано размислува премногу за сè, подари ѝ уште едно парче накит што ќе го обожава (... и тоа малку ќе ја смири!), можеби од колекцијата Northern Agate!
РАК
21. јуни – 22. јули
Аааах, нема поголема и поискрена љубов од љубовта на Ракот! И тоа е совршено отелотворено од розовиот кварц, полускапоцен камен познат како камен на вечната и безусловна љубов.
Покажи ѝ колку го цените вашето пријателство со колекцијата Flowery Quartz ili Lace Quartz!
ЛАВ
23. јули – 22. август
Зарем нивната страст за животот не е волшебна? Што и да започнат ќе го направат одлично! Тигарското око го претставува тој вид на енергија и се користи како амајлија за зајакнување уште од римско време!
Ако твојата пријателка Лав е извор на инспирација, почести ја со колекцијата Forest Tiger Eye или брошот Tiger Eye!
ДЕВИЦА
23. август – 22. септември
Најпедантниот знак во хороскопот – само да знаат колку им е скапоцен перфекционизмот! Се верува дека црниот спинел ја одбива негативната енергија, а истовремено инспирира и поттикнува.
Дај им на твоите пријатели чувство на сила со колекцијата Precious Spinnel!
ВАГА
23. септември – 22. октомври
Родените во знакот Вага се опуштени и ги ценат квалитетните врски во животот. И навистина сакаат убави нешта! А токму таков е синиот топаз кој асоцира на лојалност и вистина. Исто така, симболизира трајно пријателство!
На симболот на твоето пријателство подари парче накит што одлично ќе одговара на нејзината уметничка душа. Избери ја колекцијата Norrsken Topaz или прекрасниот Owl брош!
СКОРПИЈА
23. октомври – 22. ноември
Скорпијата е воден знак и ги претставува темните води во длабочините на океанот... исто како и нашата златна колекција на опсидијан, инспирирана од драматичната мистерија на зимската бура и со блескавиот сјај на златниот опсидијан што ја прави уникатна!
Израдувај ја со подарок убав и единствен како неа! Провери ја нашата колекција Golden Obsidian!
СТРЕЛЕЦ
23. ноември – 21. декември
Ова е најпозитивниот знак во хороскопот! Ќе им донесе радост на сите околу вас. Исто како и цитринот, камен поврзан со радост, изобилство и позитивни промени. И со живописни жолти нијанси!
Нејзината весела личност ќе биде совршено надополнета со колекцијата Golden Citrine!
ЈАРЕЦ
22. декември – 20. јануари
Јарците се амбициозни и вредни. Цврсто стојат на земја! Нивната енергија најдобро е претставена со црн хематит, камен за кој се верува дека има силно влијание на рамнотежата
Подари му на твојот пријател уникатно, префинето парче накит од колекцијата Drop Hematite!
ВОДОЛИЈА
21. јануари – 18. февруари
Како најкреативен и најслободен хороскопски знак, Водолијата е експерт за управување со промени. Како лабрадоритот за кој се верува дека носи сила и моќ на трансформација. Античките нордијци верувале дека оваа моќ доаѓа од поларната светлина!
Што и препорачуваат планетите на Водолијата? Прекрасната колекција Pearly Labradorite!
РИБИ
19. февруари – 20. март
Родените во знакот Риби се прилично чувствителни и имагинативни ... немирни сонувачи! Белиот топаз симболизира надеж, љубов и среќа и се верува дека носи позитивна енергија, исто како и Рибите!
Избери нешто од колекцијата Shimmering Topaz или Icy Topaz за твојата пријателка.
БОНУС!
Сè уште не сте решиле? Со овие производи не можете да погрешите!
Изразете благодарност за секоја минута помината заедно со овие прекрасни часовници! Flower часовник, Back Sparkling часовник или Sleek Drop часовникот? Ти избираш!
Погледни ја целата Norrsken зимска колекција во нашиот дигитален каталог!