Покажете ѝ колку е единствена!

На Денот на жената, да го прославиме она што ги прави жените уникатни! Подготвивме едноставен водич за подароци кој ќе ви помогне да изберете накит што совршено ќе ја нагласи нејзината личност.

Секоја жена е различна и уникатна, исто како и секој скапоцен камен од Norrsken колекцијата. Жените не се само различни по природа- временските и животните околности го изградија нивниот карактер и ги направија неверојатни и посебни.


Слично на тоа, скапоцените камења од Norrsken беа избрани поради нивната единствена природна убавина и се употребија во дизајн кој ја нагласува нивната посебност. Секој камен е уникатен што гарантира дека накитот ќе биде само нејзин и ексклузивен.


На Денот на жената, да го прославиме она што ги прави жените уникатни! Потребна ви е инспирација? Подготвивме едноставен водич за подароци кој ќе ви помогне да изберете накит што совршено ќе ја нагласи нејзината личност. Покажете ѝ колку ви значи и колку е единствена!

 

За жена која ги слави новите почетоци

Дали таа доби ново работно место, дипломира, започна нов проект или помина низ нова фаза во нејзиниот живот? Тогаш Dragonfly Garnet Kолекцијата  е совршен избор за неа! Вилиниското коњче симболизира трансформација, приспособливост и самореализација, а црвениот гранат е камен што го претставува креативен оган. Посакајте ѝ се најдобро во нејзините нови предизвици!

 

За таа што ја сакате

Што може да ја надмине романтиката во моментот кога заедно го гледате ноќното небо? Нежната и светкава Galaxy Quartz Kолекција е најдобриот избор за вашата сакана. Розовиот кварц е поврзан со љубов, мир и хармонија и симболизира вечна и безусловна љубов. Покажете ѝ дека е таа вистинскиот избор за вас!

 

За храбра, страсна жена

Зарем нејзината страст за остварување на соништата не е инспиративна? Нејзиниот страствен пристап кон сè што прави? Во тој случај, најдобриот избор е Passionate Tourmaline Kолекцијата. Очите на розово-златната змија се украсени со црвен турмалин - камен на храброст, страст и самодоверба. Покажете колку ѝ се восхитувате!

 

За жена во модерен стил

Секогаш изгледа беспрекорно? Таа ја сака модата и добро го познава секој нов тренд? Тогаш ваш избор се Feminina Oчилата за сонце - врвен моден додаток. Женствените црни рамки, во стилот на „мачкини очи“ се збогатени со Сваровски кристали. Не можете да погрешите со нив! Изненадете ја со подарок што ќе го обожава!

 

Наградете ја нејзината женска мудрост

Дали тaa влијаеше на вас на одреден начин? Ви научи нешто што не сте знаеле? Ако искрено и се восхитувате на нејзината сила и мудрост, Rose Pearl  Kолекцијата ќе ви помогне да ѝ го покажете тоа! Бисерите се симбол на женственост и мудрост и совршено ја надополнуваат секојдневната елеганција. Израдувајте ја на нејзиниот ден!

 

За мирна, но храбра жена

Смиреноста не секогаш значи пасивност. Ве смирува со нејзината мирна аура, но исто така ве охрабрува да преземете нешто кога е потребно? Колекцијата Serene Amazonite е подарокот што го баравте! Амазонитот се нарекува и камен на храброста и е познат по неговото смирувачко дејство. Покажете ѝ колку се чувствувате смирено со неа!

 

Класика која никогаш не излегува од мода

Сè уште не сте сигурни? Имаме безбеден избор за вас. Geometric Часовник е прекрасен моден додаток и совршен избор за жена со префинет вкус. Украсен е со мозаик од црни и блескави Swarovski® кристали и опремен е со сафирен кристал отпорен на гребење, што го прави подарок кој никогаш нема да го заборави. Покажете ѝ дека го цените секој момент поминат со неа.

 

Можете ли да го замислите овој накит на неа? Осмели се! Верувајте во вашата интуиција и направете да се чувствува прекрасно и сакано! 

 

Ако сакате да видите повеќе, ве покануваме да погледнете остатокот од Norrsken Колекцијата во нашиот онлајн каталог.

Текст: Фотографии: Oriflame