1. Без несакани состојки
Составот е нежен и одговара на чувствителната кожа. Не содржи алкохол и парабени. Базиран е на органски екстракти, богати со извонредни својства за здравје и за убавина, и е биоразградлив.
2. Уживај во потхранувачки природни состојки
Мешавината од овес и од гоџи-бобинки создава состав што ја смирува кожата. Линијата производи вклучува мицеларна вода, маска за лице и дневен крем.
- Потхранувачки овес
Екстрактот од овес помага за регенерирање на кожата, да стане помека, поеластична и посмирена. Ќе имаш чувство дека кожата ти е замотана во памук. - Смирувачки гоџи-бобинки
Богати со хранливи состојки и со моќни антиоксиданти, витамини и аминокиселини, овие егзотични мали богатства можат да ти помогнат за заштита и хидратација на кожата и ти овозможуваат да уживаш во прекрасна нега.
3. Поддржувачки избор
Со користење на линијата Love Nature, придонесуваш за одржливиот начин на живот и докажуваш дека се грижиш за животната средина. Со 40% од пакувањето изработено од рециклирана пластика и биоразградлив состав, можеш да уживаш во својата рутина за нега на кожа секој ден, без да ја загрозуваш природата!