1. Составот е базиран на органски состојки
Алое верата и кокосовата вода што се содржат во овој состав се добиени органски. Тоа значи дека кога ги користиш, не само што се грижиш за кожата туку се грижиш и за средината.
2. Можеш да уживаш во својствата на природни состојки
Алое верата и кокосовата вода имаат прекрасни својства за убавина! Можеш да уживаш во нив со линија производи, вклучувајќи крем за чистење лице, тоник, пилинг-маска и гел за очи!
- Освежувачко алое вера
Листовите на алое верата се составени од 99,5% вода, што објаснува како тоа преживува на многу високи температури. Освен хидратацијата, познато е и по своите антиоксидантски и смирувачки својства.
- Хидратантна кокосова водаКокосовата вода дејствува како хидрирачка состојка и ѝ помага на кожата да привлече и да задржи вода. Она што е уште подобро е што оваа суперсостојка ја поттикнува хидратацијата и ѝ помага на кожата да остане хидрирана подолго време!
3. Придонесуваш за одржлив начин на живот
Пакувањата на линијата Love Nature со органско алое вера и кокосова вода е изработено од 40% рециклирана пластика. Со нивното користење придонесуваш за одржливиот начин на живот. Освен тоа, пакувањата ќе изгледаат одлично во твојата бања!