Боја на кармин: што велат твоите усни за тебе?

На емоционално ниво, бојата на твојот кармин може драстично да ја промени твојата самодоверба, додека на практично ниво ти помага да ги изразиш твоите чувства и му ја испраќа твојата порака на светот. Која боја прави да изгледаш самоуверено? Оптимистично? Мистериозно? Прочитај и дознај!

Црвено

Бојата на страста и на љубовта! Тие што сакаат црвено се смели луѓе. Црвената вели дека си дружељубива, импулсивна, моќна и подготвена за победа!

Црвени и бордо кармини што ги обожаваме:

OnColour Flirty Collection кармин - Red Blossom   

The ONE Colour Stylist Ultimate Lustrous кармин - Chic Burgundy

Розово

Бојата на мирот, спокојот и хармонијата! Розовата боја вели дека си пристапна, дружељубива и паметна.

Розови кармини што ги обожаваме:

OnColour Flirty Collection кармин - Pink Orchid  

Colour Obsession кармин - Magenta Mania

Виолетова

Бојата на имагинацијата и на спиритуалноста! Тие што ја сакаат виолетовата боја, ја сакаат и уметноста. Виолетовата боја покажува дека си чувствителна личност, креативна и подготвена да ги инспирираш луѓето околу тебе! 

Виолетови кармини што ги обожаваме:

OnColour Flirty Collection кармин - Shimmering Lily

The ONE Lip Sensation мат-кармин - Velvet Plum

Портокалова

Бојата на позитивната енергија! Љубители на портокаловата боја, вашите пријатели ве опишуваат како среќни, оптимистични и дружељубиви. Портокаловата вели дека си подготвена за ризик и за добра забава!

Портокалови, корални и со боја на праска кармини што ги обожаваме:

The ONE 5-in-1 Colour Stylist крем-кармин - Coral Creme

The ONE Colour Stylist Ultimate кармин - Coral Ideal

Бежова боја

Бежовата боја е нијанса што е слична на тенот. Усните со бежова боја му порачуваат на светот дека си среќна со својот изглед и дека не ти треба ничие одобрување. Само продолжи така!

Бежови нијанси што ги сакаме:

OnColour Flirty Collection кармин - Nude Peony

Lip Sensation кадифен мат-кармин - Mellow Nude

Текст: