Водич за подароци во последен момент

Времето лета кога имаш многу обврски. И покрај тоа што божиќните подароци можеби се на врвот на твојата листа за купување овој месец, лесно е да заостанеш малку со сè што треба да се направи во оваа напорна сезона. Ако бараш помош, ова е вистинското место. Погледни го Водичот за подароци во последен момент.

Milk & Honey Gold Grand Celebration Колекција
Земјата на млекото и медот е крајната дестинација од соништата. Овој сет можеби нема да го гарантира физичкото патување таму, но сигурно ќе ти требаат сетила за патување. Подари на твоја драга личност што сака мека кожа придружена со прекрасен сладок мирис.

 

Cozy by the Fireplace Сет
Удобноста е она што сите го посакуваме во студените месеци. Заатоа, погрижи се некој близок до твоето срце да го најде овој божиќен мирис под елката. Мешавината на зиски зачини и хранливиот допир на производите ќе ги потсетат на топлината на твојата љубов.

 

Giordani Gold Сет: пудра, кармин + огледало
Сега да разговараме за подароци за вистински љубител на шминка. Верувај, никогаш не можеш да погрешиш со класичното дуо – подлога и кармин. Со Giordani Gold не треба да се грижиш за задоволството на примачот. Не заборавај да додадеш стилско огледало за да можеш да ја дотераш својата шминка во движење.

 

Divine Exclusive Сет
Има некои жени кои можат да ги украдат сите погледи со едноставно влегување во соба. Ако имаш среќа да познаваш една таква, подари ѝ подарок што ќе ѝ овозможи на нејзината внатрешна искра навистина да зрачи со својот сјај. Divine Exclusive мирисот може да го носи дење и ноќе додека се грижи за својата скапоцена кожа.

 

Ascendant Intense Тоалетна вода
Кој е најдобриот подарок за маж со големо М? Мирис што ја отсликува неговата мажественост и ја зголемува неговата самодоверба. Оваа свежа мешавина на ориентални, зачинети ноти измешани со топли и длабоки ноти ќе го натера да се чувствува помоќен од кого било

 

Модни додатоци за него
Кој и да рече дека мажите не сакаат да носат модни додатоци, не знае многу за модерните мажи. Елегантен шал или часовник со паметен дизајн се идеи за подароци што никогаш не излегуваат од мода. Тие се за пософистицирани мажи како и за оние што претпочитаат да ја одржуваат својата облека приспособена

 

2 во 1 тример и алатка за бричење
Ако бараш идеја за подарок за маж што ужива во остар изглед, штотуку ја најде. Сет производи за бричење со тример 2 во 1 е вистинскиот начин. Козметиката ќе му остави чувство на свежина на лицето, додека тримерот ќе овозможи да се скротат и најнепослушните влакна на лицето.

 

NovAge Сет за мажи
Грижата за некого е најдобриот подарок. Покажи му колку правиш за него со сет висококвалитетни производи за нега на кожа дизајнирани да ги насочат проблемите со кожата на мажите. Оваа целосна и лесна за следење рутина ќе го потсетува дека си тука за него секојдневно.

 

Текст: Фотографии: Klaudia Meyer