Како да го подобриш расположението со моќта на мирисите

Со зголемување на свеста за емоцијалното здравје и добросостојба, никој не ја има истражено моќта на мирисите, сѐ до сега. Следуваат четири супермириси што докажано го подобруваат расположението.

 

 

Разбуди се со јузу и диво нане
Со потекло од Јапонија, јузу е популарна состојка што со својот единствен зачинет и овошен мирис, се наоѓа на масите на некои од најдобрите светски ресторани. Кога ќе се спои со класичниот свеж мирис на дивото нане, се добива спој што зрачи со свежина и ти помага да го започнеш денот со енергија.

Насмеј се со црвен портокал и куркума 
Иако звучи едноставно, сѐ што нѐ потсетува на сончевата светлина, нѐ прави посреќни. Затоа дозволи сочниот мирис на црвениот портокал да го исполни твојот ден со топлина. Одобено кога ќе се помеша со мириси на здравата и популарна куркума, за допир златна светлина.

Зголеми го чувството на романтичност со црн пипер
Нежноста и привлечноса се клучни за создавање чувство на романтичност. Најпопуларната состојка за создавање ваква атмосфера, во моментов, е сливата со својот кадифен цветен мирис. Кога сливата ќе се помеша со малку црн пипер, познат по своите својства на афродизијак, се создава мирис што предизвикува чувство на љубов!

Опушти се и уживај со лаванда и кедар
Нежниот и привлечен мирис на лавандата е познат по тоа што се користи за релаксација. Кога таа ќе се спои со слаткиот мирис на кедарот, се создава раскошна мешавина што е совршена за опуштање по крајот на денот.

Искористи ја моќта на миристе!
Секоја од овие моќни комбинации мириси се содржи во прекрасната нова линија гелови за туширање и мириси. Дознај повеќе за линијата Feel Good тука. Одбери како сакаш да се чувствуваш и уживај!

Текст: