Идеи за подарок за 8 март

Да бидеме искрени, избирањето добар подарок за некого, за каква било пригода, не е толку лесно. Дури и да имаш повеќе опции, понекогаш не можеш да се одлучиш за вистинската. Но не грижи се, бидејќи ние подготвивме мал водич со прекрасни производи што можат да послужат како неверојатни подароци.

1. Мирис

Нашиот избор: тоалетна вода Dare To Shine

Оваа нова тоалетна вода, создадена со магични ноти од цветот тиаре, со малку зелена круша и нежен допир на ванила, спакувани во шишенце инспирирано од дијаманти, е совршен подарок за секоја жена. Како рефренот на познатата песна „Diamonds Are a Girl’s Best Friend“ (дијамантите се најдобри пријатели на девојките)!

 

2. Цветови

Нашиот избор: крем за раце, крем за туширање и сапун Bunch of Love

Секоја жена заслужува букет цвеќиња, а линијата за нега на кожа Bunch of Love го нуди токму тоа. Нежниот гел за туширање и крем за раце со свеж цветен мирис ќе го направат овој подарок навистина посебен и незаборавен!

3. Бои, бои, бои!

Нашиот избор: 10 во 1 лак за нокти The One

За жената во движење што сака да има совршен маникир, 10 во 1 лакот, со 10 ефекти спакувани во едно шишенце, е најдобриот избор. Лакот ти нуди избор од 10 различни нијанси, за да создадеш разнобоен сет за твојата најдобра пријателка!

4. Шминка

Нашиот избор: течна пудра против стареење Giordani Gold со СПФ 8 и топчиња за нијансирање Giordani Gold Rose Petal

Течната пудра против стареење Giordani Gold е совршена за жената што сака да има свеж и младешки изглед, заедно со сунѓерчињата за течна пудра и топчињата за нијансирање за природен сјај. Направи го овој подарок совршен!

5. Сет за подарок

Нашиот избор: сет со тоалетна вода и крем за тело Eclat Femme Weekend

Одличната комбинација мириси од миск, бела фрезија и праска во оваа тоалетна вода сигурно ќе биде прекрасен подарок. Додај крем за тело збогатен со истите ноти за целодневно уживање во прекрасниот мирис. Ваквите сетови секогаш измамуваат насмевка на лицето на секоја жена!



Сега, со овој практичен мал водич, многу полесно ќе можеш да избереш подарок за твојата мајка, сопруга, сестра, пријателка, сосетка или која било друга жена во твојот живот. Избери го вистинскиот подарок за дамите што комплетно ќе ги воодушеви!

Текст: Фотографии: Орифлеим