ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАНИКИР
Сите имаме пријателка што обожава да оди во салон за нокти. За Денот на жената, подарете ѝ долготраен лак за нокти во прекрасни нијанси!
ЗА ЖЕНАТА ШТО САКА ДА СЕ ШМИНКА
Имате пријателка што ги знае сите трикови за шминка и може за миг да направи впечатлив изглед? Одберете го најновиот тренд и подарете смел кармин!
ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ЦВЕЌИЊА
Цвеќето секогаш е одличен подарок, но, за жал, уживањето во него трае само неколку дена. Овој пат подарете цветен подарок што секогаш мириса убаво. Пробајте го шармантниот нов мирис Wonder Flower.
А ЉУБИТЕЛИТЕ НА НАКИТ
Мерлин Монро пееше дека „дијамантите се најдобриот подарок на девојките“ и ние се согласуваме со неа. Блескавиот накит му дава гламур на секој изглед. Ланче и обетки со златни тонови и камчиња со боја на лаванда ѝ прилегаат на секоја жена.
ЗА ЖЕНАТА СО ПРЕКРАСНА КОСА
Нова боја или нова фризура? Некои жени сакаат да си играат со изгледот на својата коса и тие со сигурност ќе го ценат производот што ќе ги подготви за следната трансформација. Маската за коса е совршен избор!