Бали
Бали е тајниот бисер на Југоисточна Азија. Ако го имаш посетено, тогаш можеш да го цениш волшепството на неговата природа и убавина. Прекрасни плажи, густи шуми, живописни водопади и воодушевувачки пејзажи, сѐ по достапна цена. Спрејот за тело VIP Club Bali е мешавина од оваа авантура, изразена преку слатки, овошни и егзотични ноти, како и ориентален допир. Замини на патување со долготрајните мириси на слатки и овошни ноти што ги содржи овој неодолив летен мирис. Истражи ја среќата на патувањето!
Италија
Страста, културата и историјата се премногу опширни за целосно да се искусат при едно патување! Парфимираната тоалетна вода Miss Giordani Intense и парфимираниот спреј за тело Giordani Gold Original ќе ти овозможат да ја почувствуваш страста за животот. Мирисите на Giordani Gold зрачат со блескава топлина и создаваат чувство на оптимизам. Мешавината од цветни, овошни и дрвени мириси го одликува минатото, како и сегашноста. Искуси ги и двете со Giordani Gold!
Франција
Тоалетната вода Eclat Femme е олицетворение на елеганцијата, создадена од јасмин. Éclat е совршениот избор за денешните софистицирани и модерни жени и го привлекува вниманието со ориенталните, цитрусните и дрвените ноти, исто како што Ајфеловата кула ги привлекува туристите во Париз.
Полска
Тоалетната вода Memories chasing butterflies е како ветрецот од зелените полски пејзажи. Овој мирис е дар од природата, создаден за време на топлите лета во Полска и заробен во проѕирно шишенце во облик на кристал. Почувствувај ги пеперутките со мирисот на црната рибизла и на липата.
Ако сакаш да се чувствуваш свежо и смирено, пробај го волшебниот мирис од бел јоргован што може да се почувствува во градините во Варшава. Природата е насекаде во Полска, а тоалетната вода Women's Collection Innocent White Lilac е начин да уживаш во неа.
Индија
Овој мирис зрачи со топлина и страст и содржи индиски допир од огнениот цвет од ѓумбир и слатката сандаловина. Романтичната и заводлива So Fever Her Парфимирана тоалетна вода е спој на ориентални, ванилини и дрвени мириси што ќе го променат расположението на сите во твојата околина.
Турција
Тоалетната вода Enigma е мирис што го потсетува корисникот на волшебната Турција. Црната роза е всушност измислен мирис. Вистинскиот цвет, кој може да се најде во Турција и на кој се базира овој мирис, е темноцрвен, речиси црн. Нанеси го мирисот и веднаш ќе бидеш пренесена во раскошните турски градини, со ветрец што си игра со твојата коса и спокој насекаде околу тебе.
Балтичко Море
Дали го имаш посетено Балтичко Море? Замисли дека стоиш на брегот и уживаш во топлиот ветрец и во свежиот солен океански мирис, помешан со мирисот на песокот и на карпите. Ваков мирис има парфимираната тоалетна вода Amber Elixir! Неговата килибарна боја е инспирирана од зајдисонцето на Балтикот. Со овој мирис ќе ги почувствуваш привлечните мирисни нијанси на ванилата.
Венеција
Дали некогаш се прашуваш какво било чувството да се живее во средновековна Венеција? Сите тие балови, убавина и вкусот на неодоливата храна? Сигурно било како магија. Долови ја атмосферата на овој прекрасен град со мирисот Masquerade, со полноќна далија, кој ги опфаќа сите интриги на средновековните венециски балови и накратко маскирај се во друг/а.
Костарика
Позната како една од најубавите земји во светот, Костарика е препознатлива по разновидната дивина и прекрасните зелени џунгли. Исто како џунглите на Костарика, тоалетната вода On the Edge има сладок но интригантно силен мирис..
Шведска
Дали имаш слушнато за зборот „фика“? Значи поминување време заедно, смеење и споделување приказни во текот на животот и често се користи за опишување на паузата помината со колегите на работа. Тоалетната вода Friends for the World го доловува овој збор. Мирисот е нежен, забавен и совршен за ден поминат со саканите.