Тој беше градски маж: самоуверен, харизматичен и урбан. Зрачеше со моќ кога поминуваше низ градот, облечен во беспрекорен костим, беше харизматичен на работа и шармантен во петоците во еден од најмодерните градски барови. Тој е сѐ уште тука, но е подготвен да ја покаже својата друга страна.
Be the Wild Legend е мирис за мажот што сака да го следи својот пат. Овој мирис е за секој што сака постојано да е во движење, да ужива во возбудата на патувањето и да се впушти во мистериозни авантури. Be the Wild Legend ги доловува чувството на слобода при патување и среќата при отфрлање на грижите, мирис што ќе ги истакне најсмелите карактеристики на градскиот маж.
Највпечатлива карактеристика на оригиналниот мирис е интересната мешавина од силен мирис на кожа и зачинет мирис на ноти од зрното тонка, со неодоливи примеси на јаболко. Елиз Бена, парфимерката на новиот мирис, експертски ги спои индивидуалните ноти, за да создадат мирис што е харизматичен и самоуверен.
Be the Wild Legend започнува со силен мирис на црвен портокал, ѓумбир и црн пипер. Интензивната срцевина содржи геранија и француска лаванда, кои се збогатени со скапоцен ирис. Долните ноти се силна мешавина од акорд на амбра, со допир на зрно тонка и ветивер, кои мирисаат силно и слатко откако мирисот ќе се исуши.
Кој мирис ќе го одбереш? Дали имаш урбан стил и си центар на внимание без да се обидуваш? Или, пак, те привлекува возбудливото чувство да го истражиш непознатото, возбудата при патувањето при кое само ѕвездите ти го посочуваат патот?
Ти одлучуваш!