1. ПИЛИНГ
Секогаш внимавам да ја негувам сувата и груба кожа. Деловите од телото што најчесто се суви се колената и лактите, но и нозете. Затоа, кога се туширам, користам хидратантен гел за туширање и пилинг за тело.
За мене, пилингот не престанува овде - важна е и негата на рацете. Поради тоа го користам Milk & Honey Gold Пилингот за раце бидејќи мириса прекрасно и ми ги омекнува рацете за миг.
2. ОТСТРАНЕТЕ ГИ НЕПОСАКУВАНИТЕ ВЛАКНА
Налето е неизбежно редовното бричење. Нозете, пазувите и линиите за бикини се најчестите делови што треба да се бричат. За да избегнете исеченици, никогаш не користете сила при бричењето и задолжително користете крем за бричење. Така бричот полесно ќе се лизга на кожата.
А ако веќе имате исеченица од бричење, потапкајте ја со ладна вода и не ставајте на неа производи што содржат алкохол.
3. СОНЧАЈТЕ СЕ СО КВАЛИТЕТНА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ
Сите ние ги знаеме опасностите од преголема изложеност на сонце, но ако сте како мене и мислите дека летото не е лето без сончање, уживајте во сонцето безбедно. Запомнете - секогаш нанесувајте заштитен крем и носете лесна облека. За најдобар тен, редовно користете пилинг и хидратантен крем за кожата.
4. ХИДРАТАЦИЈА ОДНАТРЕ
Лете е задолжителна хидратацијата. Пијте вода редовно, особено кога надвор е топло. Совет плус: секогаш чувајте шишиња со ладна вода во фрижидер.