Како да ја негувате косата: водич на уредникот

Кај секого косата е различна, но вистинскките алатки и производи може да ја направат вапшата коса посилна, поздрава и поубава. Нашата уредничка ги наброја нејзините основни производи за нега, па сега повеќе не мора да се грижите што да изберете!

Шампон & Регенератор 
"Вашиот шампон и регенератор треба да одговараат на вашите коса и скалп. Затоа, пред да изберете шампон, идентификувајте каква коса имате – масна, сува или коса што старее – и изберете го соодветниот производ. Јас на пример, редовно ја бојам мојата коса па затоа секогаш користам шампон за заштита на обоена коса од HairX. Потоа нанесувам регенератор. Тоа е клучно: регенераторот озовможува да го постигнете посакуваниот финиш. Скоро секогаш чувам неколку различни регенератори во бањата за можам да ги менувам за да го постигнам посакуваниот изглед.

Користам: HarX Шампон за обоена коса и HairX Регенератор за обоена коса

Маска за коса
"Секоја блогерка и уредничка опседанта со коса што ги познавам се колне во маски за коса.  Најдобро е кога ги користите еднаш или двапати неделно бидејќи маските се полни со негувачки состојки што дејствуваат на ккутикулите на влакното за да ги поправат и негуваат. Повтрно, изберете производ што одговара на вашиот тип коса – ако имате коса склона кон електризирање и бушавење, барајте хидратантни маски – ELEO колекцијата има маска со масла од роза и арган. Ги сакам маските добиени од природни состојки како што се млеко, бадемово масло, мед или жито."

Задолжитлен производ: Milk and Honey Маска за коса 

"Секоја блогерка и уредничка опседанта со коса што ги познавам се колне во маски за коса." 

Третмани за заштита од топлина
"Како генерално правило, избегнувам фенови за коса, извиткувачи или преси за исправање – претераното загревање на косата, без сомнение е една од најштетните работи што можете да ѝ ги направите. Па затоа погрижете се да користите спреј за заштита од топлина за да го спречите ослабувањето на косата.”

Основен производ: HairX  Спреј за заштита на косата при фенирање

Масло за коса
"Серумите и маслата за коса направија промена во негата на коса. Доколку имате ретка коса што лесно се мрси пробајте да поминете со дланка на која имате масло за коса пред да ја измиете со шампон за да ја навлажните. Доколку имате многу сува коса тогаш измасирајте масло на врвовите на косата по миењето за да ја обнови и зацврсти.”

Мојот вечен фаворит: ELEO Заштитно масло

Четки или чешли
"Луѓето имаат тенденција да ккупуваат било какви четки за коса и да ги користат со години – тоа е грешка. Изберете четка или чешел за коса која најмногу одговара на вашиот тип коса. Јас имам релативно права коса па користам четки со перниче или четка со отворен заден дел.  Оние со ретка коса можат да користат четка со природни влакна или округла четка, а ако имате виткана коса или афро тогаш чешел со широки запци.”

Сенаменска: Четка со перниче






Текст: Фотографии: Oriflame