Гел-маска Love Nature со хидрирачка лубеница
Оваа маска за лице има екстракти од лубеница што ја хидрираат кожата и ја прават свежа и затегната. Оваа гел-маска одговара на сите типови кожа. Моментално будење за твојата кожа!
Начин на користење: нанеси ја на кожата и остави ја да дејствува 10 минути. Нежно избриши ја со мека мокра крпа.
Глинена маска Love Nature со прочистувачко јаболко
Глинените маски се совршени за отстранување на нечистотиите од кожата. Ги извлекуваат сите нечистотии од твоите пори, по што кожата станува блескава. Природниот екстракт од јаболко е богат со витамин Ц и е познат по високото количество антиоксиданти. Пробај ја оваа комбинација и уживај во свежа кожа!
Начин на користење: нанеси ја на кожата, остави ја да дејствува 10 минути, па исплакни ја.
Кремаста маска Love Nature со потхранливо какао
Оваа маска за лице е збогатена со богати екстракти од какао. Природниот какао-путер е добро познатa хидратантна состојка со неколку својства што ја разубавуваат кожата. Има прекрасна способност за измазнување, омекнување и потхранување на кожата и е познат по својот неодолив мирис. Навистина неодолива!
Начин на користење: нанеси на кожата, остави да дејствува 10 минути и избриши ја со мека мокра крпа.
Кремаста маска за чувствителна кожа Love Nature со смирувачка роза
Оваа маска е посебно направена за чувствителна кожа. Има смирувачки ефект што ја заздравува кожата и ги намалува воспаленијата. Истовремено ја хидрира чувствителната кожа без да предизвика алергиска реакција.
Начин на користење: нанеси ја на лицето, остави ја да дејствува 10 минути и нежно избриши ја со мека мокра крпа.
Маска што се лупи Love Nature со осветлувачко личи
Оваа маска што се лупи е создадена за сите типови кожа. Збогатена со екстракт од личи, витамини и хранливи состојки што ѝ даваат природен блесок на твојата кожа. Потребна доза енергија за твојата кожа!
Начин на користење: рамномерно нанеси еден слој од маската на твојата кожа и почекај да се исуши. Потоа, внимателно отстрани ја и избриши ги остатоците со мокра крпа за лице.
Која маска за лице ќе ја пробаш денеска?