Заводлив состав
Ако бараш заводливи мириси за неа и за него, тогаш пробај го овој пар. So Fever Together Her Парфимираната тоалетна вода и So Fever Together Him Тоалетната вода се два мириса, создадени да ја зголемат играта на привлечноста! Овие ориентални состави со мешавина од цветни ноти за неа и со фужерни ноти за него, имаат нешто заедничко. Која е нивната тајна? Нивната заедничка нота слаткиот пименто-пипер.
Главна состојка: сладок пименто-пипер
Многу народи низ историјата го користеле како афродизијак и слаткиот пименто-пипер е интересен зачин познат по своите топли и привлечни својства, кои совршено одговараат на вжештената игра на желби помеѓу двајца љубовници.
So Fever Together Her
Овој интимен, блескав и привлечен мирис започнува со слатки горни ноти на сорбе од црвена рибизла, сочен кумкват и ананас. Зачинета возбуда од акордот на сладок пименто-пипер, јасмин и кадифена праска, ја сочинуваат срцевината. Додека нежните и заводливи основни ноти од драгоцена сандаловина, зрно тонка и лист од слез, оставаат занесна и незаборавна трага.
So Fever Together Him
Овој привлечен мирис заживува со свежите горни ноти на бергамот и масло од мандарина, опкружени со елегантни ноти на ливчиња од љубичица. Срцевината ги открива топлите и привлечни ноти на слаткиот пименто-пипер, засиле од ароматичните акценти на маслото од мускатна жалфија и маслото од цимет. Топлите и силни ноти на зачадена кожа и пачули, создаваат незаборавна долготрајна трага.