5 природни третмани за зимска кожа

Сега, кога зимата е конечно тука, време е да уживаме во топло кафе, вкусна супа и смирувачки камин. Сепак, многу е важно да се негува кожата, за таа да биде блескава и хидрирана. Овие пет третмани за зимска кожа, инспирирани од природата, ќе ти помогнат да го сториш токму тоа.

1. Нега за сува кожа и усни
Наш избор: сет Love Nature со пчелин восок и бадеми
Овој сет вклучува три крема што содржат пчелин восок и масло од бадем - крем за лице и за раце и балсам за усни. Пчелиниот восок и маслото од бадем во овој кремаст состав ја потхрануваат и ја хидрираат твојата зимска кожа и мирисаат прекрасно!

2. Решение за суви раце
Наш избор: смирувачки крем за раце со масло од арника
Овој крем е збогатен со масло од арника, кое има лековити и антивоспалителни својства, кои ѝ помагаат на твојата кожа да се справи со промените во средината околу тебе. Кремот, исто така, содржи глицерин, масло од бадем и шеа-путер, за кожата. 

3. Топол туш
Наш избор: крем за туширање Love Nature со масло од бадеми
Овој крем за туширање е посебно создаден да го спречи сушењето на твојата кожа. Содржи кремаст состав без сапун, збогатен со витамини и минерали, добиени од хранливото масло од бадем. Совршен за негување и смирување на кожата, на крајот од денот!

4. Релаксација на тело
Наш избор: лосион за тело Love Nature со релаксирачка лаванда
Во зима, лосионите и кремовите треба да се избираат според нивната густина, што го спречува сушењето на кожата. Втриј го овој лосион, збогатен со лаванда, во кожата по туширање или пред спиење. Ќе ја подобри циркулацијата на твојата кожа и ќе ги одржи нејзиното здравје и хидратација. Со нежен мирис.

 

 


5. Третман за сува кожа
Наш избор: врело масло за сува коса Love Nature со пченица и масло од кокос
Зимата често може да им наштети на твојата коса и скалп и да ги направи суви и со првут. Оваа мала туба со пченица и масло од кокос ќе ти помогне. Стави ја во врела вода една минута и потоа отвори ја. Измасирај го врелото масло на мокра коса, за интензивна хидратација. За еднакво нанесување, користи чешел. Потоа исплакни ја и исуши ја косата и уживај во обновената сјајна и здрава коса.

 

 

Текст: Фотографии: Орифлеим