1. Парфимираната тоалетна вода Love Potion првпат се појави во Каталогот во 2011 година.
2. Називот на мирисот се однесува на љубовен еликсир и е составен од познати афродизијаци, како ѓумбир и чоколадо!
3. Парфимер зад мирисот е Жан Жак. Тој ги опишува своите креации како: „Моите мириси изразуваат три работи - радоста на живеењето (joie de vivre), едноставноста и спонтаноста.“ Жан Жак е исто така парфимерот зад мирисите Lovely Garden и Divine.
Дали знаеш?
На шеснаесетгодишна возраст, Жан Жак бил успешен пијанист и голем обожавател на џез-музиката, но потоа станал парфимер. Тој има создадено мириси за Живанши, Герлан и Балман.
4. Овој привлечен мирис се класифицира како ориентален, ванилин и овошен. Има горни ноти на мандарина, зачинет ѓумбир и рум. Неговата страсна срцевина е составена од цвет од какао, бел крин и ванила. По сушењето, Love Potion остава раскошен мирис на чоколадо, грав-тонка и сандаловина.
5. За да го продолжиш времетраењето на овој неодолив мирис, нанеси го и кремот за тело Love Potion, кој ги има истите мирисни ноти како и парфимираната тоалетна вода.