Да, да, ти си неверојатна!
Секогаш сум се плашела да не нанесам премногу маскара, но не и сега! Го обожавам новиот смел изглед. Дали си бунтовничка во срцето? Работиш 8 часа на ден? Или работиш од дома? Секоја жена има своја приказна и, без разлика дали слави некоја годишнина или танцува цела ноќ, треба да ја прифати својата смела страна. Постои чувство на моќ кога си своја, а сега ќе дознаеш дека е лесно да се биде центар на внимание.
Самодовербата е најважна!
Самодовербата понекогаш изгледа како недостижна карактеристика. Ако премногу се обидуваш да бидеш самоуверена, тогаш постојат големи шанси дека нема да успееш. Самодовербата не е нешто што се имитира, таа се добива со искуство. Самодовербата е твоето мислење за себе и твоето чувство за самопочит.
Сите сме поминале и низ среќни и низ тажни периоди, предизвици и награди што понекогаш можат да ја намалат самодовербата. Размислувај позитивно во текот на денот и ослободи се од негативните мисли. Мислите како „не можам“ замени ги со „ќе успеам“. Можеш да ја зголемиш самодовербата со фантастична облека и драматични очи. Маскарата за голем волумен TheONE Tremendous ги прави трепките раскошни и привлечни. Сега е полесно да се чувствуваш женствено и моќно. Покажи ја твојата самодоверба!
Моќта лежи во твојата приказна!
Бијонсе вели: „Треба да го промениме начинот на кој се гледаме себеси. Треба да истапиме како жени и да го преземеме водството.“ Потребна е храброст да ги прифатиш својата моќ и уникатност.
Облеката, косата и шминката се шлагот на тортата кога станува збор за твојата самодоверба и се завршните детали што прават да се чувствуваш прекрасно и самоуверено. Секогаш стреми се да бидеш најсмелата и најпрекрасна верзија на себе!