Технологијата Youth Essence
Сигурно се прашуваш што е технологијата Youth Essence. Одлично прашање! Составот на технологијата Youth Essence содржи хијалуронска киселина, која помага за пополнување и за хидрирање на кожата. Таа придонесува за мазноста на површината на кожата, како и за таа да биде мека и еластична на допир. Хијалуронската киселина е споена со мешавина од два минерала што се познати по својата мекост и сјај, што значи дека топчињата ти помагаат да го зголемиш сјајот однатре.
Поинтензивна боја
Новите нијанси се создадени да одговараат на твојот тен за навистина да можеш да уживаш во бојата што ќе ја избереш. Ја обожаваме класичната нијанса на Giordani Gold Natural Radiance, која е идеална за секојдневен сјај. Ако го обожаваш мат-изгледот, тогаш ќе ја обожаваш нијансата Matte Bronze, бидејќи ќе ти даде исончан мат-изглед. Доколку сакаш малку сјај, тогаш нијансата Luminous Peach ќе ти додаде нежен сјај. За крај, доколку сакаш целосен сјај, тогаш нијансата Subtle Rose е совршениот избор за тебе.
Рачно изработен сјај
Ammazza! Ова значи „апсолутно прекрасно“ на италијански јазик и ова е нашето мислење за овие топчиња, особено поради тоа што се експертски рачно доизработени од искусни мајстори во Италија. Секое топче содржи што е можно повеќе пигменти, за да ти даде не само прекрасен сјај туку и момент на уживање. Апсолутно прекрасни во секој поглед. Почести се со младешки сјај.