Најдобрите совети за убавина кои овие 5 уредници ги добиле!

Нашите Уредници се махери за убавина - сепак работат со години во индрустријата. Прашавме 5 наши уредници на Beauty EDIT од целиот свет да ни го кажат најдобриот совет за убавина - еве што рекоа!

ФАТИМА ДЕ ЛАХИКА
Латинска Америка
„Никогаш не одам во кревет со шминка. Научив дека е многу важно да се мие лицето двапати во денот (наутро и навечер), дури и ако се приберете дома доцна после забава или ако сте многу уморни. Да бидеме реални, сите сакаме да се закотвиме во топол кревет откако ќе си дојдеме дома, и затоа, најдобриот совет што сум го добила е да имате марамчиња за чистење во фиоката покрај креветот - така лесно можете да ја отстраните шминката, нечистотијата и мрснотијата!

СОФИЈА МАРИЊО ДЕ ЛЕМОС
Централа
„Мајка ми секогаш вели: „Грижи се за својата коса, таа е круна на убавината“, тоа е еден дел од моето тело за кој таа постојано ми велеше да се грижам, и така е - убавата коса, исто како и убавата кожа, зрачи со здравје. Затоа редовно ја потскратувам, прамените ги одржувам и користам маска за коса еднаш неделно“.

САНДРА МАРИЦ
Западна Европа
„Еден шминкер еднаш ми кажа како убаво да ги навиткам трепките. Користам фен за коса за да го затоплам мојот виткач за трепки, една или две секунди пред да започнам да виткам. Ова ги прави моите трепки лесни за виткање, а исто така и формата ја прави подолготрајна!“

ДЕВАНТИ СУБИЈАНТОРО
Индонезија
„Некој еднаш ми кажа дека среќните девојки со среќна кожа се најубави! Затоа никогаш не штедам за нега на кожата и се смеам често!“

ДАМЛА АЈГИН
Турција
„Баба ми има беспрекорна кожа. Кога ја прашав која е нејзината тајна, ми рече: „Сонцето е чудо за сите нас, но истовремено е и најголем непријател за нашата кожа.“ Затоа, започнав да користам висока УВ заштита дури и кога е многу облачно.“



Текст: Фотографии: Сана Френклин