5 грешки што ги прават мажите за својот изглед

Со новата година имаме и нови надежи за подобар изглед. Но од каде да почнеме? Соодветната нега може да направи чуда, но прво ти треба добра основа. Прочитај како да ги решиш петте проблеми со својот изглед.

1. НЕ КОРИСТИШ ХИДРАТАНТЕН КРЕМ
Твојата
кожа секојдневно е изложена на секакви влијанија и затоа е важно да ја заштитиш и негуваш. Соодветната хидратација ја чува сувата кожа и ја балансира мрсната/комбинирана кожа. Ти препорачуваме производ што може да се користи како гел за по бричење и како хидратантен крем. Користи го веднаш по туширање и/или бричење, кога кожата е мазна.

2. БРИЧЕЊЕ НА СУВО
Сувото
бричење ретко може да биде успешно. Ако не користиш гел за бричење, може да дојде до иритација, чешање, акни и враснати влакна. Користи хидратантен крем и менувај ги бричевите редовно. За најдобри резултати, бричи се по туширање, бидејќи тогаш порите се отворени, а кожата помазна.

3. НЕСРЕДЕНА БРАДА
Иако несредениот изглед е во мода, понекогаш е тенка границата помеѓу „добра несредена“ и „несредена несредена брада“. Затоа, секогаш крати ги рабовите на брадата или мустаќите и секојдневно користи тример или чешел за да постигнеш рамномерна брада. Исто така не заборавај да ги средиш влакненцата во ушите и во носот.

4. КОРИСТЕЊЕ ПОГРЕШНИ ПРОИЗВОДИ
Сите
знаат дека не е лесно да се пронајдат производи што прилегаат идеално и дека понекогаш го користиме првото нешто што ќе го пронајдеме во продавница. Сепак, не заборавај дека погрешните производи не само што ќе направат да изгледаш лошо туку и ќе ти оневозможат да дознаеш повеќе за потребите на твојата кожа и коса.

5. ПРЕТЕРУВАЊЕ
Соодветната нега е нешто што секој треба да го прави за себе, но понекогаш случајно може да се претера. Користењето премногу восок за коса ќе направи таа да изгледа мрсно, премногу мирис може другите да ги натера да бегаат од тебе, а кубењето веѓи може да ги засени цртите на лицето.Умереноста е клучна и затоа одвој време за да дознаеш што најмногу ти одговара.

Текст: