Твоето деколте - сè поголем проблем со текот на годините!

За многу жени деколтето може да стане извор на проблеми со текот на годините. Дали се согласуваш? Продолжи со читање за да дознаеш повеќе за овој често занемарен дел од телото и како да го одржиш младешки и прекрасен.

Што е деколте?
Деколтето е горниот дел од градите, долниот дел од вратот и рамената. Токму така, можеш да го видиш во огледалото секогаш кога се шминкаш, но дали го забележуваш  и дали добро се грижиш за него? Најголемиот дел од жените ќе одговорат „не“. Па, ако и ти си една од нив, знај дека не си единствена!

Зошто е важно?
Уште едно одлично прашање, со многу важен одговор. Накратко, негата на кожа не е ограничена само на лицето. Всушност, негата на лицето треба да почне од градите, па нагоре. Зошто? Бидејќи исто како и кожата на лицето, кожата на вратот и на деколтето, исто така, е изложена на ефектите на стареење предизвикани од генетски фактори и од фактори од животната средина, како изложувањето на сонце и урбаната загаденост. Резултатот е истенчување на дермисот и намалување на еластинот и на колагенот, што доведува до (меѓу другото) намалување на еластичноста на кожата и до брчки!

Нежен предел
Дел од проблемот е што вратот и деколтето се структурно едни од најмалку отпорните делови од телото. Со текот на времето, знаците на стареење на него може да изгледаат премногу драматично, бидејќи кожата се опушта, се набира и се создава забележлив контраст меѓу изгледот на горниот дел на градите, вратот и лицето.

Гравитација!
Гравитацијата може да има ефект врз телото, на несакани места. За жал, без добра нега, деколтето станува едно од тие места. Уште една добра причина рано да почнеш да се грижиш за него, особено ако не сакаш подоцна да го покриваш со облека или со накит.

Што да направиш?
Се разбира дека можеш да користиш лосион за тело или крем за лице, но тоа ќе ти помогне само до определен степен. Најпаметно е да користиш производ против стареење што е посебно создаден за твоето деколте. Еден таков одличен производ е напредниот серум за обликување на вратот и на деколтето NovAge. Можеш да го користиш како тајно оружје за деколте со помладешки изглед што ќе сакаш да го покажеш, со апсолутна самодоверба!

Одличен совет за крај!
Сега знаеш сè за овој мистериозен дел од телото и како да се грижиш за него. Сепак, пред да почнеш со нега на деколтето, не заборавај го овој совет од експертите: „Како што спомнавме претходно, долгото изложување на сонце може да ги влоши знаците на стареење на вратот и на деколтето, затоа секогаш користи додатоци во исхраната и нанесувај крем за сончање пред излегувањето од дома.“ Подобро е да се спречи, отколку да се лекува!