Убавиот изглед започнува со чиста кожа!

Дали знаеш дека добро исчистената кожа подобро го впива кремот за очи, серумот и хидратантниот крем? Научи како подобро да ја чистиш својата кожа и најдобро да ги искористиш твоите производи за нега на кожа!

ЗОШТО ЧИСТАТА КОЖА Е ТОЛКУ ВАЖНА?
Многу од нас живеат во големи градови и нашата кожа секојдневно доаѓа во контакт со разни загадувачи - од издувни гасови до чад од цигари. Ако не ја чистиме кожата секој ден, овие нечистотии ќе се таложат на нашата кожа и ќе предизвикаат оксидативен стрес, што доведува до прерано стареење. Исто така, загадувачите, во комбинација со потта и мртвите клетки, кои се таложат во текот на денот, може да ги затнат нашите пори и да предизвикаат нафрлање на кожата.

ДОБРИ И ЛОШИ НАВИКИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КОЖАТА
Прво, ако сакаш да имаш кожа што изгледа здраво и младолико, важно е да ја отстрануваш шминката секоја вечер. Ако ја оставиш шминката прекуноќ, некои течни пудри може да ти ги затнат порите и да ти ја исушат кожата, поради што на кожата ќе ѝ биде тешко да се обнови за време на ноќта.

Второ, користи производ за чистење што е нежен и што не ја дехидрира кожата. Чистењето помага да се отстранат вишокот масло, нечистотиите и загадувачите и ако кожата не е сосема чиста, кремот за очи, серумот и хидратантниот крем нема да дејствуваат целосно, што е непотребно трошење пари и време!

Ако сѐ уште не го чистиш лицето секое утро и секоја вечер, почни да го правиш тоа. Хидратацијата на телото во текот на ноќта се намалува преку дишењето и потењето, па затоа кога се будиш наутро на твојата кожа итно ѝ се потребни чистење и хидратација. Навечер треба да ја исчистиш кожата од нечистотиите што се имаат наталожено во текот на денот и да ја подготвиш за целосно впивање на хидратантниот крем, како и да спречиш дехидрирање на кожата, за таа да може да се обнови во текот на ноќта. 

ДОБРИТЕ СТРАНИ НА ТОНИРАЊЕТО
Тонирањето е важен дел од чистењето, бидејќи ја балансира хидратацијата на кожата и ги отстранува последните траги од шминка што можат да ги затнат твоите пори. Тоник што добро дејствува ќе предизвика чувство на чистина, свежина и нежност. 

Дали понекогаш мислиш дека немаш време да користиш тоник? Што ако може да ги добиеш ефектите на тонирање без да користиш тоник? Нашиот нов интелигентен производ за чистење, гелот за чистење лице NovAge, ги спојува чистењето и тонирањето во еден интелигентен чекор. Ефективно ја чисти и тонира твојата кожа, со исти резултати како да користиш посебен производ NovAge за чистење и тоник. Гелот ѝ помага на твојата кожа целосно да ги впие другите производи од твојата рутина.

Текст: Фотографии: Орифлеим