Ги одговоривме вашите прашања за убавина!

Знаеме дека имате некои прашања за вашите омилени производи, и затоа ги замоливме нашите експерти да одговорат!

П: Зошто и како да користам пудра?
О: Лесните пудра се формулирани за да создадат сатенски-мазен финиш над вашата подлога и се користат за да траат подолго. Исто така, ги прикриваат порите и нерамните површини и овозможуваат природно навлажнување на кожата.

За најдобри резултати, користете средна до голема четка за пудрење за да ја соберете пудрата, и потоа натапкајте полека за да го отстраните вишокот. Додајте малку пудро на Т-зоната и потоа со четката остранете ги видливите остатоци од пудра. Voila! Беспрекорна кожа за неколку секунди

П: Мојот лак за нокти не се отвара. Дали треба да купувам нов секогаш кога ова ќе се случи?
О: Превртете го шишенцето наопаку и ставете го некоја минута во вода. Извадете го и капачето ќе се отвори лесно!

П: Некои дневни или ноќни креми имаат тенка пластична обвивка или фолија под капачето. Да ја оставам или да ја фрлам?
А: Оставете ја. Изложеноста на светлина или воздух можат да пореметат многу состојки, како на пример Витаминот Ц и ретинолот, па како последица производот може да не дејствува како што треба.

П: Освен усните, за што друго можам да го користам мојот Tender Care?
А: Tender Care Заштитниот балсам е добар за испукани усни, но може да се користи и за други работи - можете да го ставите дури и над сенката за очи за светкав ефект! Исто така, можете да го користете за навлажнување на суви делови, за подобрување на напукнати пети и дури и да го масирате во кутикулите за здрави нокти.

П: Како убаво да нанесам крема за очи?
О: Нанесете на областа околу очите, но никогаш на капакот од очите или блиску до долната линија од трепките бидејќи ќе се создаде иритација. Наместо тоа, натапкајте од кремата за очи на коската која го опкружува окото. Ако не сте сигурни каде се наоѓа оваа коска, пипнете со прстот.

П: Како да ги користам Giordani Gold Топчињата за нијансирање?
О: Топчињата за нијансирање се мешавина од светкави микро бисери наменети да ѝ дадат на кожата природен, сончев сјај. Користете четка за контури, или средна четка за пудрење ако сакате да создадете бронзен сјај. Едноставно поминете со четката врз топчињата, таа ќе ги собере различните пигменти, и потоа ставете од бронзерот на вашите јаболчници или преку слепоочницата.

П: З​ошто да користам масло за коса и како убаво да го нанесам?
О: Маслата за коса се користат со векови за одржување на сјајната, префинета коса. Маслата содржат големо количество на делотворни хранливи состојки, вклучувајќи витамин Е и масни киселини кои ја смируваат немирната коса и го поттикнуваат нејзиниот сјај. Најчест начин за користење на маслото за коса е да се стави како регенератор.

Како се нанесува: Ставете неколку капки на дланките и потоа поминете со прстите низ влажна коса.

П:Која е разликата помеѓу обичните масла и жешките масла? Како се користат жешките масла?
О: Третманите со жешки масла се различни од маслата за коса и по формула и по употреба. Обичните масла за коса се користат на влажна коса, а жешките се третмани за длабоко регенерирање и се користат на мокра коса. Маслата за коса, регенераторите и маските делуваат само на кутикулите од влакното, а третманите со жешки масла ќе ви помогнат да ја одржувате вашата коса здрава и сјајна бидејќи пенетрираат во коренот на влакното и ја поправат сувата и оштетена коса одвнатре.

Жешките масла се користат лесно: Ставете ја тубичката во топла вода една минута, потоа отворете ја и измасирајте во влажна коса. Оставете некоја минута и исплакнете со вода. За најдобри резултати користете само еднаш во неделата. Третманите со жешки масла се наменети за СИТЕ видови на коса, но ако имате многу сува коса ќе забележите неверојатни резултати.

П: Зошто да користам серум за коса и како убаво да го нанесам?
О:Серумот за коса е производ од силикон кој ја обвиткува површината на вашата коса. Серумот најчесто се употребува за да ја направи косата посјајна и поздрава.

Како се нанесува: Ставете неколку капки од серумот на дланките и потоа со прстите поминете низ косата. Ставете од серумот кога косата е влажна или исушена со крпа (не мокра). Никогаш не користете на скалпот.


Текст: Фотографии: Орифлеим Тим на Уредници