Зошто хајлајтирање е новото контурирање?

Ако во 2014 беше годината на контурирањето, 2015 е во знакот на “хајлајтирањето”. Ако сега слушате прв пат за хајлајтирање, запомнете: ќе стане најатрактивен тренд.

ШТО Е ХАЈЛАЈТИРАЊЕ ?
Накратко кажано Додека контурирањето се фокусира на скулптурирање на сенките и аглите со пудра и бронзер, хајлајтирањето се фокусира на светлината. Тоа е осветлувачка техника која ги нагласува цртите на лицето преку додавање на нежни рефлективни производи на клучните точки на лицето. Ова креира илузија на светла, сјајна кожа. Тоа креира вистинска промена на вашиот изглед!

КАКО ДА ГО НАПРАВИТЕ?
Најдобриот дел на хајлајтирањето е што многу лесно се прави. Прескокнете го бронзерот комплетно и почнете со хидратантна, навлажнета основа. Нанесете бисерен хајлајтер на деловите на лицето кои што обично би би биле нагласени од сонце: по должината на коската над веѓите и јаболчниците, по должината на носот,  и нанесете мала количина на Купидоновиот лак и на врвот на вашата брада. 

КАКОВ ХАЈЛАЈТЕР ТРЕБА ДА КОРИСТИТЕ? 

Одберете хајлајтер кој има бисерна боја која сјае, наместо светкав – запомнете, сакате да изгледате свежо и сјајно, а не како диско топка! Кремасти, металик тонови се идеални. Доколку имате светла кожа, користете сјајни, розеви нијанси. На маслинестата и средно-темната кожа им одговараат златести производи – помислете на Jennifer Lopez и GiGi Hadid. И доколку имате темна кожа, побарајте богати, бакарни тонови. Доколку имате масна кожа и се плажите да користите производи кои го осветлуваат лицето, пробајте хајлајтери на база на пудра во прав кои нема да ви ги затворат порите. 


Текст: Фотографии: Shutterstock